3.16.2012

Ми се мува мува околу лустер! (рекреативно мување-спорт)

Постојат неколку зборови кои многу ме иритираат. Посебно кога се употребуваат во контекст кој нема никаква врска со нивното значење.
„Види ја колава, каква перверзија.“
„Уууу, малава е страва!“
„Ја секад носам смкнати фармерки, никад не сакам да ставам каиш.“

„Абе, се смувавте?“ Е овој последниов ај што ми прави веѓопад, туку не можам да му го разберам значењето.
И после долго мачење, размислување, споделување на ставови, разговори и дебати, јас сеуште не ја сфатив суштината на тоа мување.
Ако ме прашаш мене, одма ме асоцира на некој што се мува пред банкомат и чека на некој да му падне некоја иљадарка и да ја собере.
Или некој ми се мува пред куќа, и чека да излезам за да влезе и да ми ја дрпне касичката.
Најди некој друг за мување, ја имам сабја под перница!

Цацко во слаткарница = Елче во месарница!!!

Ова е истинитој причи, шчо ми се имат мене десено. Нишчо немам мамено!

***

Се спремам да правам полнети тиквици,ама немав мелено месо, па морав трчанката до Буњаковец во месара. 
- Добар ден.
- Добар ден, повелете!
- Сомелете ми 300 грама телешко.
Телешко или јунешко?

3.04.2012

Брилијантниот ум на Охриѓани, втор пат! SOLD

И повторно се огласи Градоначалникот на Охрид. Сега со уште подобра идеја од минатиот пат.
Данок на луксуз. Секој кој има викенд стан во Охрид да плаќа 100 евра годишно данок, бидејќи според логиката секој кој има 100, 200 000 евра за стан, може да си дозволи и ваков луксуз.
Да, се согласувам. Но зошто само Охрид да биде привилегиран со екстра финансии?
Според проценките околу 5 000 станови се во категоријата на викенд.
Проста математика : 500 000 евра годишно во касата на општината. И тие пари, нели , ќе се користат за подобрување на животот на Охриѓани и за унапредување на туризмот.Како да не?
Но дали Петрески, се запрашал кој се е сопственик на тие станови?
Јас мислам дека барем половината се на Охриѓани кои доаѓаат во Скопје, поретко и во другите градови, па тие станови и навистина ги користат како викенд.Бидејќи, нели, не живеат повеќе таму.
Пак од Охриѓани за Охриѓани.Ми се допаѓа.
Сите светски туристички места од Дубровник до Монте Карло наплатуваат ваков данок, зошто не и Охрид, прашува Петрески. Запрашај се уште еднаш, можит ке ти текнит!

3.03.2012

Мамо, мамо дека е мајмуно?

Сонце после снег.
+19 после - 29.
Сите надвор, дома нема никој.
Кој  во парк, кој во зоолошка.
Некои на кафе, други на ќебапчиња.
Ручеци, муабети, гужва.
Столици и маси на тераси, и по патеки.Узурпација на нивоУ.
Сите се распослаа, се облекоа вруќите гачици, се извадија од нафталин, пролетните јакници.
Партизанска во сабота, исто како понеделничко рабтно утро.
Свират коли, фрчат мотори, се тресат звучници.
Стандардна глетка со секое менување на температурите во +.

2.13.2012

Лошата страна на снегот!

Неможам секогаш да стигнам да прочитам се, и затоа е добро кога си имате „инспирација“( си се знае!).
И така текстот стигна на мојот скајп.
Си седам на топло, парно + клима, музика, нешто  чоколадно и си пишувам.Термо чорапчиња, розева наметка, наречена мојот најдобар пријател, „Парис Хилтон“ во Карпош. Надвор, зима, која ме пикна дома  и ме чека со метла пред врата, во случај да посакам да излезам.
Но што е со оние кои ги немаат моите услови.Немаат каде да спијат, нешто топло за да ги згрее, да каснат за да имаат енергија која ќе им помогне да преживеат уште еден ден.Тие живеат од ден за ден, а јас си го планирам летниот одмор.Каква иронија.
Но животот не бил со сите пријател.

Несоница!

Сцена од еден филм!



***


Ноќ. Бела темнина...
Виулица, снегулки, прекрасна романтична ноќ.
Но некоја болка  не ми дозволува да спијам.
Таа е во мојата мисла, но почнува да станува физичка. Ја чуствувам како поминува низ секој дел од телотот. Ја чуствувам во крвта. Како  пулсира, ми го сече стомакот, го заразува умот. Не се поднесува...толку е силна. Зарем може  толку да  боли, а никој да не ве повреди.Физичка повреда.
Станувам... нема никаква логика да се обидувам да спијам, кога сонот е толку далеку.
Веќе со месеци го нема.  Или доаѓа премногу доцна- кога сите живеат, јас спијам.
Така морам, можам, но и полесно е .
Нема да добивам прашања, констатации, совети.

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));