2.13.2012

Лошата страна на снегот!

Неможам секогаш да стигнам да прочитам се, и затоа е добро кога си имате „инспирација“( си се знае!).
И така текстот стигна на мојот скајп.
Си седам на топло, парно + клима, музика, нешто  чоколадно и си пишувам.Термо чорапчиња, розева наметка, наречена мојот најдобар пријател, „Парис Хилтон“ во Карпош. Надвор, зима, која ме пикна дома  и ме чека со метла пред врата, во случај да посакам да излезам.
Но што е со оние кои ги немаат моите услови.Немаат каде да спијат, нешто топло за да ги згрее, да каснат за да имаат енергија која ќе им помогне да преживеат уште еден ден.Тие живеат од ден за ден, а јас си го планирам летниот одмор.Каква иронија.
Но животот не бил со сите пријател.



Ако ги прочитате бројките, иако во споредба со бројот на жители на Земјата, изгледаат незначителни, сепак се големи. 800 животи се згаснати поради огромните студови и ниските температури.
И ние не бевме одминати.Две жртви.
Некако не ми јасно зашто тоа е така.Како може, кога, ако ги гледате вестите, отворени се засолништа токму за најранливите во овие услови, некој да го изгуби животот.
Има и пунктови, на кои се делат топли напитоци, ќебиња и вреќи за спиење.На истите пунктови се добиваат информации како да се заштитат и каде да преноќат.


Во тие засолништа, логично одат бездомниците.Задолжените за нив, велат дека остануваат, но има и такви кои само го земаат оброкот, некое ќебе и заминуваат повторно на улица и покрај препораките да преноќат.
Зашто е тоа така?
Доверба!
Си размислувам колку ли пати овие луѓе биле прелажани од службите, Црвениот крст и слични организации кои се занимаваат со оваа проблематика, изминативе 20 години.
Најверојатно многу!
Па така, полни недоверба, ќе се решат на потешкиот начин на преживување.
Текстот, кој погоре го споменав се однесува токму на „снаодливоста“ на овие луѓе.
Некогашната сапунара „Цветан Димов“, во минатото била  репрезентативна зграда, која е заштитена како културно наследство, а денес е дом на повеќе од 30 семејства.
Но мојата емпатија, сочуство за маките на овие луѓе не  секогаш се на исто ниво.За некои мислам дека самите придонеле за својата судбина.
Знам со сигурност дека колку и да се трудиш некому да помогнеш, ако тој не ти подаде рака за помош, не си успеал. Колку и да вложуваш некому да докажеш и покажеш, да му дадеш услови за некој „нормален“живот, ако тоа не го сфати сериозно, повторно е пропаст.
Неможе само едната страна да помага, кога овие другите не сакаат да вложат ни трошка труд за да сменат нешто. Од кукање и жалење нема фајде.
Зашто го мислам ова?
Најголемиот дел од бездомниците се Роми ( не ми фаќајте веднаш за зло, така вели статистиката), зависници од наркотични средства, алкохоличари и ретко, луѓе кои некогаш имале, а денес се во финанскиска „дупка“.
Тука е мојот „ѕид“ кој не дозволува да сочуствувам со секој.
Ромите!Без да звучам како човек кој не ги сака, неможам поинаку да објаснам.
Па нека биде.
Не сум некој светски човек, но онаму  каде сум била, нивната приказна е иста.
Ги има низ целиот свет, и секаде тие се група на луѓе кои тврдат дека се дискриминирани, понижени, осудени од општеството.
Да беше случај само кај нас, тогаш и ќе ми беа сфатливи овие тврдења.Но, не е секогаш проблем земјата, односно државата.
Ако барам грешка  во државата тогаш ќе речам дека социјалната грижа ни е на ниво кое е срамно.
Ги жалам само оние мали деца, најчесто бебиња кои се користат само да се дојде до некој денар. Никогаш нема работа со која нормално и легално ќе се заработува.
Да, сега повторно е ситуацијата со невработеноста, но има работни места  на кои никој  не сака да биде, а се слободни.
Помлаку е срамно ( за мене воопшто не е срамно да си чистач) да ги метеш улиците во Карпош, отколку да го малтретираш 4 месечното бебе, изнајмено за 200 денари од некоја мајка која е зависник од  опојни средства.
Воопшто не е понижувачки да миеш автомобили, ако за еден месец ќе донесеш дома 10 000 денари, наместо некој „ситнурај“ собран со подавање рака.
Колку пати сте ги виделе, сте им дале по 5-10 денари, а сте помислиле на истово.
Зашто не работат!?!
Со образованието кое го имаат ( ако воопшто го имаат), оние кои секјдневно ги гледаме, не верувам дека е вообразено од моја страна што ги наведов токму овие „професии“.
И да се вратам на социјалните служби. Мојата дилема се јавува секогаш кога ќе видам бебе, искористено за просење. Кој е крив?
-Родителите и државата.
Вчерашната вест дека родители од Штип чекале 13 години за да посвојат дете, е една од многуте потврди дека нешто „смрди“.
Зашто некој да чека толку долго за да подари љубов, кога сите знаеме дека има неколку домови за деца без родители, кои се преполни со дечиња кои ја чекаат токму родителската прегратка.
Зошто би пателе цели 13 години, кога секој ден гледаме како некој тоа право да биде „родител“ си го зел здраво-за готово.
Зошто никој не им ги одземе децата на тие несовесни луѓе?
-Нема доволно инспектори, беше последната изјава на Министерството за труд и социјална политика, на која се сеќавам.


Бедно оправдување.
Направете веќе еднаш нешто за сите деца кои без разлика на температурата, мора да бидат на улица и да просат.
Одземете ги, а родителите казнете ги со затворски казни.Не ветувајте, делувајте.
Без исклучоци.
Па можеби тогаш ќе биде прекинат нивниот „ма­ѓеп­сан  круг“, како што велат од  Граѓански свет.
Ако за возрасните нема некоја  иднина, дозволете барем  оние кои немале можност сами да одберат подобро, да имаат убав живот со некој кој ќе ги сака и ќе им понуди семеен живот.
Можеби звучи контрадикторно моето мислење, но неможам да го сменам додека некој друг не направи обид нешто да промени.
Сочуствувам со децата, а многу помалку со оние кои не заслужиле повеќе.
Текстот не е лекториран!







No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));