1.09.2012

Реплика!!

Супер, за сите оние кои разбраа нешто од текстовите кои беа наменети за естрадата и фаците кои не заслужуваат внимание.
А за оние кои ништо не сфатија, бев во право.
***
Текстот не е лекториран,  авторот нема лекарско или во превод: сите оние кои работат мора да извадат лекарско, а оние без работа немаат потреба.Не ќе го шетаат по дома!?!?!?
 Oние со лекарско пишуваат, а без него си седат дома.Тоа не значи дека сте попаметни, поквалитетни, поинтелигентни, образовани.Тоа само значи дека примате плата на трансакциона сметка.
Јас немам вработени , па затоа немам лектор, а сама на себе да си лекторирам, искрено, ме мрзи.
Јас пишувам  затоа  што сакам.
И „супер“  е тоа што не се прави избор, не се гледа квалитет,  број на издадени албуми и хитови.
Важно е да се има да се пишува.
Наместо да прифатите критика и да се потрудите да не забавувате со нешто поквалитетно, јас добив цела колумна.И тоа на доста познат веб пртал.Ми ласкате!!!
Но не целосно!!!
Проблемот е малку поголем и подлабок од тоа што некој го сфатил.Не е само тоа што се пишува за секакви глупости и за секакви фаци.
Зар не е жалосно новинари да се занимаваат со приказни во кои темата е раскинувањето на Мацко, а т.н. доктори да пишуваат колумни кои се само перење мозок.
Наместо да смените нешто, Вие дозволувате да си го губите времето, да ја трошите креативноста во нешто кое нема цел.
Бројката на прочитани текстови не смеете да ја поистоветите со забава на народот.
Јас сум свесна дека мора да постојат приказни кои се создадени и напишани да продадат или да зголемат број на читатели.Но оние кои беа споменати во мојот текст, не вредат ни за таа цел.
И не сум од оние кои само ќе кажат не, благодарам.Зашто така лесно да Ви дозволам да пишувате само за да Ви го пишува името?
Мое е правото да Ве искритикувам, а Ваше е дали ќе го прифатите или не.
И неможеш желбата да бидеш информиран да ја наречеш  „садомазохист “.Не беа критикувани само естрадата и текстовите за нив.Ако нешто не ми се допаѓа, не значи и дека не сум го прочитала.
И немаше потреба од некоја голема анализа, а коментарот е мое право.И тоа на мојот блог.Не искористив ничиј простор.
И јас повторно ќе Ве читам.Има и квалитет.Не е така црно.
п.с.Ако е некој задоволен од она што го работи и цврсто верува во тоа , нема да се брани и да ми објаснува зашто некои работи се такви како што се.
За да успее во животот, човекот мора да има две работи.Прва е среќата:тоа е она кога на човек му се укажува поволна можност.Втората е умот: тој на човекот му овозможува да ја искористи својата можност.
Авганистанска народна изрека
Па искористи ја својата можност да промениш нешто!








Текстот не е лекториран!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));