5.20.2011

Моторџии


Убавото време не ни дозволува да ги користиме возилата.Затоа велосипедот или пак пешачењето се правиот избор.
Но тука се и мотоциклистите! Со секој почеток на пролета , тие ја започнуваат сезоната.
Од искусни моторџии до деца на кои родителите им ветиле веспа ако поминат со солидни оценки.
Сликата е страшна.
Се вози без основна заштита, се вози брзо и невнимателно.
Ако тоа превозно средство може да се движи низ патеките на градскиот парк , не значи и дека треба токму таму да се вози.
Булеварот Партизанска е прилично добра и во соодветна состојба, но тоа не им дава право да возите со огромна брзина.
Статистиката покажува дека најчести жртви се пешаците.
Ова е доволен знак да се вози внимателно и со брзина која е пропишана за нашите услови.
Во Скопје вози кој како сака и не води сметка за другите во сообраќајот
Потребно е спречување на ноќните трки по улиците, воведување високи казни.
Потребни се постојани укажувања да не се вози под дејство на алкохол, да не се вози пребрзо, да се почитуваат сообраќајните знаци.
Велосипедистите, ролерџиите и моторциклистите да се движат по своите патеки.
Скутерите да не се однесуваат час како автомобили, а час како пешаци, таксистите и камионите да не запираат и да не се паркираат каде што ќе им текне.
Внимавајте сите!
Само така ќе ја намалиме статистичката бројка на сообраќајни несреќи.

Графити


Графитите се составен дел од урбаната култура. Преку нив може да се пренесе некоја порака, да се искаже револт, а често знаат и добро да ве насмеат.
Графитите некогаш се сметаат за форма на уметност, но и за вандализам.
Испишувањето графити е забрането и казниво со Законот за јавна чистота.
Според законот, на јавни објекти забрането е и цртање и лепење плакати. Казната за испишување графити е 50 евра.
Иако графитите се забранети со закон, сепак цртачите наоѓаат начини како на ѕид да ги пренесат своите пораки.
Најчесто пораките кои се испишани по скоските ѕидови се со политичка содржина.
Цртачите на графити се обидуваат да ги искористат ѕидовите за некои свои апетити, некои свои мислења.
Уметноста одсекогаш била начин да се изрази некој свој став , мислење и да пренесе некоја порака.
Но во Скопје не постојат ѕидови кои ќе бидат искористени токму за овој вид на уметност.
Па затоа најчеста мета се ѕидовите од зградите и училиштата.
И наместо порака , ќе прочитате нечие име и содржина која нема и баш некоја порака.
Не постои ѕид кој што нема барем една шкртаница.
Затоа апел до сите.
Апел до властите : Дајте им на цртачите ѕид кој ќе биде наменет само за нивните пораки и мисли.Место каде што оние креативните ќе го изразат својот став.
Апел до цртачите на графити : Избегнете ги нашите згради и училишта.Тие секако не се најсоодветното место за вашите цртежи.

Сообраќајот и хаосот !!!


Сообраќајниот метеж со кој се соочува Скопје се провлекува со години.
Експертите по сообраќај укажуваат на се поголемиот број на возила и тесните сообраќајници.
Како привремени решенија ги наведуваат проширувањето на улиците и воведување на еднонасочен сообраќај.
Иако со еднонасочниот систем ќе се олесни сообраќајот и хаосот кој е дел од нашето секојдневие, тој е привремено решение.
Негвата намена има поголеми резултати во центарот на градот, но во населбите и маалата каде што има многу мал проток на возила не е потребен.
На преполните маалски улици со возила потребни се паркинг места, а не менување на правецот на движење на возилата.
На многу од жителите на Карпош проблем им преставува токму овој систем на движење, бидејќи се случува на улици кои со години функционирале како двонасочни, да се пренаменат во еднонасочни. Не е подобро и во останатите делови на градот.
Со новиот тренд на изградба на станбени згради, паркирањето преставува поголем проблем , отколку самото движење по улиците.
Она што на граѓаните ќе им го олесни движењето е проширување и санирање на улиците и иаградба на нови паркинг места.
fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));