3.03.2012

Мамо, мамо дека е мајмуно?

Сонце после снег.
+19 после - 29.
Сите надвор, дома нема никој.
Кој  во парк, кој во зоолошка.
Некои на кафе, други на ќебапчиња.
Ручеци, муабети, гужва.
Столици и маси на тераси, и по патеки.Узурпација на нивоУ.
Сите се распослаа, се облекоа вруќите гачици, се извадија од нафталин, пролетните јакници.
Партизанска во сабота, исто како понеделничко рабтно утро.
Свират коли, фрчат мотори, се тресат звучници.
Стандардна глетка со секое менување на температурите во +.



Секоја година, без исклучоци.
Улица Македонија, Кеј, Ленинова.
Шема!
Се промовираа новите цвикери  купени на зимските попусти, се паркираа кабриолетите.
Сите облечени во трендовски парчиња со хит боите за оваа пролет, униформирани фризурки (сите у плетенки или локници ко величествените на Сулејман).
Паркот- панаѓур.Црвени шеќерни јаболка, пуканки, шеќерни волни.
Деца, пензионери, мајки, стринки.Едните вриштат, други возат точаци, млади ролаат, постари убиваат реума.
Се шетаат кучичи, со маски, без ланци.Мали пудлици, агресивни пекинезери.
Ама во зоолошка нема го мајмуно.

 Сакам  да а купам ваа, малку да се искултивирам!
Е тука е проблемО.
Се е исто, дури и невоспитаните родители кои фрлаат дрвца и камења по животните само за да му направат мерак на малиот Денис, оти плаче.
Секоја година реприза на минатата.
Но, сепак има една разлика.( there is always one BUT)
Дијалектот.
Нема га/ја мајмун!
(од мојата лична галерија)





No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));