1.23.2012

Интимата на ГоЛдон :)

Бидејќи се најдов повикана ( не лично, не сум толку битна) во изјавата :„ кој би можел да биде толку малоумен да помисли дека сакав да повикам да не се навива“ (иако е во наводници,малку е парафразирано,без некои опасни измени).
И затоа повторно ја прочитав дебилната колумна, па сега можеш да се пофалиш дека кликовите се зголемиле за уште едно место.Јејејејејјејј
Прво почетокот :
Ги молам ракометарите да освојат барем четврто место на Европското првенство. Тоа ќе биде добро за нацијата, а нив ќе ги поштеди од бесмислени критики

Незнам од кога станавте гатачи, па предвидуваш дека ракометарите ќе добијат бесмислена критика.И кога губевме, бевме со нив и добиваа поддршка.Немој да го потценуваш овој народ, бидејќи  критиката и нервозата за поразите (кога се работи за поените, бидејќи ниту една екипа не не надигра) трае многу кратко, додека трае натправарот.Откако ќе заврши, повторно сите викаат БРАВО МОМЦИ.
Ова го знам, и го тврдам бидејќи истото го имам доживеано, а верувам дека и сите оние кои навиваа за нив и Македонија, го сторија истото.
Единствено си во право дека подобриот пласман ќе биде добар за нацијата, иако си страшно ироничен.
Каков и да биде исходот, ракометарите знаат дека сме со нив, дека ги поддржуваме, бодриме.Тоа го докажаа сите оние кои беа во публиката и на сиот глас им ја дадоа сета позитивна енергија и среќа која ја има во универзумот.Тоа го докажавме и ние, кои бевме дома, пишувавме на ФБ, споделувавме нивни фотографии, им се заблагодаривме за одличната игра, и си помисливме ќе биде подобро, ќе нижеме и ние успеси.
Атмосферата во Македонија пред почетокот на европското првенство во ракомет наликуваше како еуфоријата што пред секое светско првенство во фудбал се создава во Бразил. Бразилците се фаворити број еден во фудбал, а за бразилската нација секој пласман под првото место е неуспех и национална катастрофа. 
За нас нема да биде национална катастрофа ако немаме пласман, кој, без лажење, сите го посакуваме.Нема да бидат исплукани, туку достојно пречекани, затоа што покажаа дека иако сме млада и мала, по територија, земја, особено во спортот, можеме да бидеме достоен противник на секоја репрезентација.
По радоста на Германија, а богами и Данска, можеа сите да заклучат ( особено оние кои не веруваат дека можеме) дека сме опасен тим.
Успехот не се само медалите и пласманот,Успех е кога 10 000 Македонци ќе те следат и во еден глас, без здив ќе навиваат и ќе те бодрат.Тие тоа го знаат, време е и ти да научиш.
Во таа неподнослива врева, ми се чини дека не успеваме доволно достојно да го валоризираме неверојатниот успех да се изигра реми со Шведска (која е своевиден Бразил или Аргентина во ракометот) и тесно и помалку несреќно да изгубиме од Германија (Германија си е Германија и во фудбал и во ракомет). 
Ако за тебе гласот на народот ( бидејќи навиваа сите, и оние кои следат, но и оние кои не се многу по спортот), кој одекнуваше  истовремено, во секој дом, во секое кафуле, кола, автобус, такси, болница, продавница, навиваше и ја бодреше својата репрезентација е ВРЕВА, ти нема спас.
И бидејќи понатаму, во твојата колумна почнуваш со иронијата и сарказмот, за „Гоцевата раса“, и притисокот кој  се врши врз ракометарите, нема да се повторувам и ќе ти кажам само дека ниту гостувањето во Х/О нема да ти помогне да се оправдаш.Овој пат навистина сам се удави.Многу добро те разбравме што сакаш да кажеш, па ниту изјавата дека си бил премногу емотивен, не ти  ја прифаќам.
И не, не смееш да бидеш „човек“( се мисли на обичен, а не политичар), кога се занимаваш со политика.
Не, нема да ти дозволам да ме изманипулираш со овие изјави, бидејќи не си потпишан како Гордон Георгиев, туку како :

(Авторот е пратеник

и потпретседател на СДСМ) 



И овие „спинови“ сам си ги направи, бидејќи критикуваш дека се користи спортот во политички цели (изјава од емисијата), а колумната и ракометарите ги искористи за споредба со политичкиот живот во земјата.
И ние сме писмени, па до толку знаеме да разбереме.
И поголема манипулација од твојата нема.
„Лимпаш“ капак кецови, па ти е криво кога „мала блинда“ ќе ти ги земе парите со 2 и 7.
Проста математика!
Текстот не е лекториран

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));