3.05.2012

Танц со дрвјата


Наместо Once upon а time!
***


Јас не замислувам, знам дека си таму. 
Чекаш да го допијам црното кафе,  да се напијам голтка вода и да ја платам сметката. 
Потоа, плански да се појавиш со сончева насмевка и да ме одведеш на три скришни места што никој не ги знае. Места кои секогаш си сакал да ми ги покажеш, бидејќи  ти знаеш,  исто колку и јас,  дека нема ништо толку важно како совршениот миг.
Шетам наоколу,  сама, ти дозволувам да откриеш кои места ми се омилени. Каде најлесно танцувам, под која улична светилка најубаво ми светат очите, на кој ветар косата ми е најмека.  Сакам да дознаеш, па  кога ќе дојде совршениот миг да биде како што отсекогаш сме посакувале да биде
 Приказна во која јас ги започнувам речениците, а ти ги довршуваш со слатки бакнежи и милувања.
...правам замислени кругови во ритмот на омилената песна...

Чувствувам љубов и полет, твоето појавување може да се случи во секој момент.  Затоа вечерва шетам сама, ти дозволувам да ми се приближиш.  Бескрајно испреплетена во своите бајки, танцувам со дрвјата по булеварот, се радувам на насмевките на минувачите околу мене, правам замислени кругови во ритмот на омилената песна. Сите нешта околу мене се совршено подредени за моментот кој го чекаме цел свој живот. 
Ти и јас.  

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));