11.21.2011

Скопје-едно големо С !?!?!?

Градоначалникот на Охрид ќе воведува такса за сите туристи кои ќе влезат во Охрид?!?!
И оние што се решиле да го посетат овој град ќе бидат вратени,бидејќи и онака цените им се премногу високи, а услугата....мислам дека сите ја имаме почуствувано.
Не дека моето мислење е важно, но ако сакаат Охриѓани да го направат својот град вистинска туристичка атракција нека престанат да градат згради, во кои станари се само, или повеќето од нив, жители од другите градови.Така ќе се полнат апартманите, па и хотелите. 
А собите (апартмани на охридски) средете ги од парите кои сте ги заработиле оваа сезона. Доста веќе со намештај (мебел) од мираз, затворен со шајка бидејќи таму си  ги чувате ќебињата и јамболиите. Догодина подобри услови, повеќе гости.
Хотелите нека не наплаќаат како да сме на француска ривиера.Охридско езеро не е море!
Услугата по рестораните, кафулињата, плажите подигнете ја на ниво на кое ви се цените.
Не може еден ден во Охрид да ме чини колку ден во Турција, во хотел каде што имам се што е потребно за еден пристоен одмор.
Градете хотели со базени, необичен изглед, модерни и луксузни, па наплаќајте ги со сегашните цени.
Ставете канти за отпадоци по цела чаршија. Јас може си го носам хартивчето во рака додека не го начекам првиот контејнер, но сите не се будали како мене.
Кутиите за струја ,клупите и жардињерите моментално ви изигруваат канти?!?!?!
Туристите доаѓаат со своја храна,не трошеле пари и оставале само отпадоци зад себе?
Тоа е само Ваша вина.Проблемот барајте си го во себе, не во туристите. Не се таксите решение.
Само ќе ги избркате и онака малкуте туристи.
И да се вратам на она што ми беше на ум,а ме испровоцира новоста со таксите и причината за истите.
Сакам да прашам зашто во Охридска Банка, во Скопје, работат само Охриѓани????
Eкономиситите од Скопје незнаат?!?!?!
Па нели тие доаѓаат тука ( се мисли на младите, па и постарите од цел
а Македонија?!) ни ја земаат работата пред нос?
Не само Охриѓани.Во Скопје е собрана цела Македонија.
Само тука имало работа за нив.Е па не може да завршиш Земјоделски факултет и да работиш во Скопје.
Тука не се живее од земјоделие.Инвестирај го своето знаење во местото од каде доаѓаш.Тешко е, знам. Но тоа не е решението. Дојди во Скопје, работи за 300 денари дневница.
Прво ја симнувате цената на работната рака бидејќи ве има премногу.Не може да се најде работно место за секој во еден град.
Оди  во Охрид летно време, работат млади од  Дебар, Радовиш,па и од Берово,а Охриѓани во Охридска Банка.
Да ви ставиме и ние такса.
Што престојувате,што работите и ни ја земате работата.
И вие не трошите во нашиот град.Зимно време носите зимница, тегли ајвар, туршија и печени пиперки.На лето се враќате во вашите градови и пак не трошите тука.
Само за Вас лебот ќе биде 99 денари, бидејќи само него го купувате во скопските продавници.
На секој кој не од овој град сакам да се воведе такса од 1000 денари.
Излезот ви е бесплатен, само не се враќајте,освен ако не се празници и сакате да направите шопинг.

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));