3.04.2012

Брилијантниот ум на Охриѓани, втор пат! SOLD

И повторно се огласи Градоначалникот на Охрид. Сега со уште подобра идеја од минатиот пат.
Данок на луксуз. Секој кој има викенд стан во Охрид да плаќа 100 евра годишно данок, бидејќи според логиката секој кој има 100, 200 000 евра за стан, може да си дозволи и ваков луксуз.
Да, се согласувам. Но зошто само Охрид да биде привилегиран со екстра финансии?
Според проценките околу 5 000 станови се во категоријата на викенд.
Проста математика : 500 000 евра годишно во касата на општината. И тие пари, нели , ќе се користат за подобрување на животот на Охриѓани и за унапредување на туризмот.Како да не?
Но дали Петрески, се запрашал кој се е сопственик на тие станови?
Јас мислам дека барем половината се на Охриѓани кои доаѓаат во Скопје, поретко и во другите градови, па тие станови и навистина ги користат како викенд.Бидејќи, нели, не живеат повеќе таму.
Пак од Охриѓани за Охриѓани.Ми се допаѓа.
Сите светски туристички места од Дубровник до Монте Карло наплатуваат ваков данок, зошто не и Охрид, прашува Петрески. Запрашај се уште еднаш, можит ке ти текнит!



Ама ако некој воведе ваква стапка во даночното плаќање, тогаш јас сакам сите да подлежат под тој закон, а не само, од секогаш, привилегираниот Охрид.
Секој кој има стан надвор од своето место на живеење, кое е на личната карта, а е на негово име да биде обврзан да плати 100 евра.
Па што ако Охрид е „туристичко“ место.
Оние во Берово исто така се трудат да го подобрат туризмот, па не измислуваат секакви финти за да ја наполнат касата.
Тука  се е и Маврово, Дојран, Преспа, Крушево.
Скопје, зар малку „туристи“ има?
Сите што живеат во Скопје, да плаќаат 300 евра годишно Данок на луксуз, и 1000 денари влез во градот ( излез бесплатен).
Затоа што имаат куќи и станови во Охрид кои  ги користат само за викенди и празници, а имаат и станови во Скопје, бидејќи во Охридска банка, освен Охриѓани,  друг не смее да работи.
Во тие даноци пресметана е и оштетата што ја нанесувате на нашите општински каси, бидејќи се водите со живеалиште во Охрид, а сте во Скопје.
Тука е пресметан и 18% ддв, бидејќи наместо да купувате во нашите маркети, продавници, пазари, бутици, тезги и останати купопродажни објекти, вие си носите од дома. Ова е идеја на вашиот мил Градоначалник.
Сите издавате станови, соби, куќи, лежалки, чадори и сите тука на работа.Поголем луксуз од ова имат.Немат!
Нека ограничи Петрески градба на нови згради и објекти, кои се гледа дека се премногу за неговите жители.Имаат најверојатно престава колку Охриѓани имаат, па нека направат математика, колку од тие станови се изградени само за да се продадат на туристи со вишок пари.
Сака да лапа и од градба и од сопственици.Сака да земе и за  влез во градот, и за чекорење низ чаршија, и туристичка такса, и користење на мобилни на плажа, за сликање покрај езеро.
Уште нешто да ти текне?
Прави споредба со Хрватска!
А ние кога правиме споредба со истата таа држава, која има и море, тогаш сме Скопјанчишта ститснати.
Е море Охриѓани, памет не ви доаѓват, ама полн џеб сакате.
Спремни сте и тазе умрена плашица да ни дадите да јадиме, само ќеифот да си го напраите.
Ај напрајте еден референдум со неколку точки и одберете си приоритет, па ќе се пазариме.
На наша сметка, оти стално сме ви ние криви.
Тексотот не е лекториран!

3 comments:

Anonymous said...

Петрески повеќе да се занимаваше, не пример со фирмата Ребис, и шо се има изградено легално, а повеќе нелегално, касата ќе ни беше пополна. Да направеше нешто да им олесни на инвеститорите што сакаат да изградат хотели тука, наместо сите ко хиени да се пупштат за мито и рекет, може и ќе пркневме.
Луксузи и даноци, не му палат сега

silfiriel said...

Идејата воопшто не е лоша, за било кој град баш како што пишува во постот, ако Скопје или државата преземеа какви било мерки од овој тип немаше пола Македонија да се пресели во Скопје па и останатите градови ќе имаа шанса за ваков данок и шанса да заличат на градови, меѓутоа ситуацијата е таква што луѓе би платиле за стан само во Скопје за да живеат и Охрид за викенд стан. (Словенија одамана има забрането “преселба“ од другите градови во Љубљана, и сигурно не затоа што Љубљана е чудо од град)
Не знам до каде е процесот на децентрализација, меѓутоа ако некој намисли би требало да може да воведе ваков данок, ако може да си го дозволи тоа.
Охрид може да си дозволи ваков луксуз, затоа што има луѓе што ќе платат па и повеќе од 100 евра годишно, ако се земе предвид дека плаќаат по 500Евра за плац за камп приколка.
Не знам на кој начин беровчани се обидуваат да го подобрат туризмот, ама зимава една реклама не видов за Берово, а снег сигурно имаше.
Инаку луѓето што не се од Скопје а работат таму, работат за Скопје и платата пак ја оставаат во Скопје, Да не ги споменувам студентите (ама ете ги спомнав) кои во Скопје оставаат повеќе пари од вкупните приходи на Охрид преку сезона.
За разлика од тоа викенд становите во Охрид зјаат празни 11 месеци во годината при што за две недели сопствениците ќе ги извадат и тие 100 евра и сите трошоци и на одмор ќе се.
А вистина е дека новите згради се градат само за продажба на туристи, иако нема потреба затоа што и пред тоа имаше доволно празни станови.
Споредбата со Хрватска си е на место, ако сакаме да одиме напред треба да се споредуваме со подобри од нас.
Единствениот проблем со идејата е што е веќе касно. И за Охрид и за Скопје и за другите градови.

Unknown said...

До некаде се согласуваме, но некои работи неможам да ги прифатам.
Пред 5 години баравме стан под кирија во Охрид на година дена, но не најдавмо.Не дека нема, туку затоа што ниту еден Охриѓанец не ни даде цена за месечна кирија, туку ни смеетаа дневен престој.Кревет немате под 10 евра, па помножено со 2 и 30 дена во месец, цената е луда, бидејќи никој не понуди солидно сместување.Сите станови и куќи се прилагодени само за туристи.На страна тоа, можеа да направат цена која е прифатлива за македонски граѓанин, а не да ми издаваа соба со заедничко купатило на семејството за минимум 600 евра месечно, без основни работи како што е машина за перење, на пр.А видовме преку 100 стана и соби, апартмани и шупи за 2 месеци.Затоа становите зјаат празни 11 месеци( иако сезоната е е 1 месец).
Ниту Охрид нема реклами на тв, па е посетен, па така и Берово, па и останатите туристички места.Мојот став е ако веќе се воведува данок на луксуз, секој кој има викенд куќа или стан да плаќа.Нека плаќаат и оние кои имаат по неколку станови на свое име, а ги издаваат и ретко плаќаат данок за киријата што ја земаат.Ист закон за сите, не само Охрид.А Љубјљана одамна неможеме да ја стигнеме, затоа што и во Скопје се гради безпотребно.Има доволно за 10 града да се преселат и да живеат во новите градби.Но нема работа сите.Поздрав

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));