2.13.2012

Несоница!

Сцена од еден филм!



***


Ноќ. Бела темнина...
Виулица, снегулки, прекрасна романтична ноќ.
Но некоја болка  не ми дозволува да спијам.
Таа е во мојата мисла, но почнува да станува физичка. Ја чуствувам како поминува низ секој дел од телотот. Ја чуствувам во крвта. Како  пулсира, ми го сече стомакот, го заразува умот. Не се поднесува...толку е силна. Зарем може  толку да  боли, а никој да не ве повреди.Физичка повреда.
Станувам... нема никаква логика да се обидувам да спијам, кога сонот е толку далеку.
Веќе со месеци го нема.  Или доаѓа премногу доцна- кога сите живеат, јас спијам.
Така морам, можам, но и полесно е .
Нема да добивам прашања, констатации, совети.


Не можам да спијам, зарем е тоа толку несфатливо?
Да, станувам кога повеќето од Вас веќе завршиле со работата и  ручале со семејството.
Јас се расонувам, а Вие ја практикувате рутинската попладневна дремка.
Не можам поинаку.А сакам.Сакам да заспијам веднаш штом ја ставам главата на перница.
Сакам да ги затворам очите и да видам цвет огреан од пролетните зраци.
Сакам веднаш да дојде сонот и да биде некој приказна која утрото ќе ми го направи посебно.Да биде прекрасна, помалку вистинита и целиот ден да ми краде насмевка од лицето.
You can get addicted to a certain kinda sadness...

Но тоа е само фантазија.
Легнувам и повторно истата проклета болка.Секоја вечер, се поголема и пострашна.
Не, не ми ја предизвикува љубениот.Не сум повредена од саканиот.Не барем, оној на кој вие мислите.
Таа болка е животна приказна која не сакам да ја прифатам. Моменти од животот кои не е можно мене да ми се случуваат.
Ги нема, ги заборавам, но некогаш, некој или нешто ме потсетува дека тоа е вистината и....болката доаѓа.Сами, болката и јас,во темна шума.Не осветлува само месечината, која ми вели дека надежта е тука.
Now you're just somebody that I used to know...

И не се предавам.
Премногу луѓе патат, а јас не можам ништо.
Се обидов.Со сите сили, со секој атом кој ме оддржува жива.Но, не успеав.
Да живееш во лага, во замислен свет толку години. Несфатливо.Зар некој може да направи ваков план, кој ќе уништи нечиј живот.Толку добро зацртан и на крај остварен.
Не!Не сакам да верувам.Затоа болката доаѓа.Не си оди, само е помалку болна.И повторно се појавува.
Сликите се скриени.Раговорите, одамна се за времето.
Но решение нема.
Крвта боли.Навистина боли.
И тука е болката, а тука и ќе остане.
Епизода од животот која не може да се избрише.Сцени кои засекогаш ќе останат.
А, мене...мене ми останува борбата со сонот.Се надевам дека ќе ја добијам.



No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));