Се ближи 31 декември.Скопје е блокирано.Што од купувачи,што од неписмени шофери, и сите оние подвижни машини со корпи (не им знам назив) кои ги користат за украсување.И се е супер...Барем оваа година навреме почнаа со монтирањето на украсните светилки и разните ѕвонци и ѕвезди.Дури и гужвите по продавниците и поголемите маркети,ако сте добро расположени и го сакате ова ова време од годината, нема да ви пречат.
Но она што сигурно ќе Ви го поремети шетањето низ центарот на Скопје, и мирниот сон се петардите и сите придружни пиротехнички глупости. Секоја година иста песна.
На раскрсницата кај Мавровка, додека чекате да се запали зеленото светло ќе ви дојдат минимум 4 малолетници кои нудат петарди. На пазарите,без исклучок,продаваат божем, скришно.
Жижици, пиратки, т.н.петарди-бомби и уште многу други пуцкави тракатанци,на кои сум им заборавила име. Има се!!!
Знаете, сте виделе.
И секоја година и покрај кампањите, и повикот на полицијата, барањата на некои умни родители, предупредувањата на професорите и наставниците, пак џабе.
Ги има и ќе ги има.
Полицијата ќе ги заплени, тие ќе прошверцуваат нови. Но и оние запленетите не се уништуваат во целост. Секогаш ќе се најде некој попаметен од другите, полицаец, па ќе земе една кутија за син му.Не дека ќе го остави сам да ги пали, тој ќе биде со него додека малиот се прави фраер пред другарите.
Или оние ептен совесни татковци, сами ќе одат на пазар или на некоја раскрсница и ќе купат за синовите, бидејќи овие им ветиле дека нема да ги носат на училиште и никако нема да ги палат петрдите без нивна дозвола.Како да не!?!?!?
Ама децата немислат, бидејќи, нели со закон до 18 години, родителите треба да мислат за нив.А вториве, помали деца и од децата.Знаат и тие да носат некоја петарда во џеб, за на работа, па на пауза или додека пушат цигара ќе ја исплашат колешката што не сакала да го замени минатиот работен викенд. Или само ќе се забавуваат со останатите будали како него.Бидејќи да ти пукне петарда по нозе и да се извадиш од памет е многу смешна работа.
Уште некој ден ќе биде и невозможно да се шетате на раат низ Центар, зашто масовно ќе започне шиткањето на овие забавни зезалици. Барем така е секоја година и не гледам по што оваа би се разликувала од останатите.
Ќе се штрекаме, ќе кажеме некоја пцовка, некогаш во себе,но и на глас.И ќе дојде 31....Е тука веќе имаме проблем.Тешко на оние кои ќе бидат на градскиот плоштад или пак станарите кои во соседниот стан ќе имаат новогодишна журка на малолетници,а богами поголемиве не се папаметни.Знаете дека во зграда, појако е чуството кога ќе пукнете петарда.Ви е гајле за останатите..Важно да се направи меракот.
Мене, искрено може некој пат срце да ме фати.Ама па мајка ми вика многу сум била б`злива, па јас не се бројам.
Како и да е, ако сте родител не паѓајте на барањата од типот : и татко му на Стефан му купи петарди,сакам и јас.Ако сте професор казнете ги оние кои носат на училиште разна пиротехника и повикајте ги родителите.Полицијата нека започне од денес, секој ден да лови т.н шиткачи, и нека не носи по дома некоја петарда.Сите да се уништат. И медиумите нека започнат уште вечерва со бесплатни кампањи и емитување на спотови кои , ако до сега не сте се убедиле дека овие, навидум безопасни пукалици, се најголемото предновогодишно зло кое може да му го дозволите на Вашето дете,можеби ќе ве убедат.
Она што е најважно ќе се спречат многу поголеми катастрофи-Вашето дете нема да остане без око, некој прст, или да добие гадна опекотина.
Фотографии од ове последици не ставам,бидејќи можете и да си замислите што може да се случи со Вашето или некое друго дете ако дозволите да си играат со петарди.
12.14.2011
12.13.2011
Не знаеш од каде да почнеш?????
Не знаеш од каде да почнеш е еден од слоганите на мобилниот оператор ВИП....
И јас незнам од каде да почнам, па затоа ќе пишувам онака како што ми течат мислите...
Сигурна сум дека повеќето од Вас ги имаат гледано рекламите, бидејќи се емитуваат секој ден, на скоро секоја телевизија. Особено ме иритира последната реклама, иако не е прва со таква содржина.
Она што ме чуди е како до сега никој јавно не изреагирал, особено родителите...или можеби реагираат,но јас не сум видела ниту некаде прочитала. И каде е Советот за радиодифузија???
Еве ја рекламата која со нејзината содржина, мислам дека може да влијае само погрешно врз младите:
Тука може да се научи како да му се потсмевате на вашиот пријател,бидејќи Вие,нели сте поголеми фраери од него
Има премногу оператори, па во трката за подобра реклама и за да бидат поинтересни, не внимаваат на основните вредности, го забораваат моралот.Можат да снимат реклама која има поучна содржина, или барем нека се потрудат да ги избегнуваат ваквите реклами кои се косат со се она што еден родител го учи своето дете.
Еве уште некој пример
Можеби некои од рекламите се стари, но заедно со најновата која може да се погледне и на ФОХ, мислам дека ја постигнав поентата.
И да не ги заборавиме оние од Советот. Донесоа Правилник кој е за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој.
Иако неможев да прочитам ништо за рекламите, сепак мислам дека оние со содржина каква што можевте да видите погоре, спаѓаат во програма која влијае врз младите.
Можеби ништо ново на нашиот медиумски простор, за некого и не толку страшно, но мора да се започне од некаде.Ако веќе е донесен правилник, нека се почитува.
Ќе глумиме модерни, прошетани луѓе и ќе кажеме дека рекламава не е толку вулгарна .Напротив, јас се срамам кога ја гледам.
Имате 15-16 години, сте ја излажале Вашата мајка дека ќе преноќите кај другарката, а наместо кај неа Вие сте со полуголи со Вашиот дечко!!! Не знаете од каде да почнете??? Па тука е ВИП, и за 0 денари можете да ја побарате вашата другарка да ја оправи работата што двете сте ја утнале-кој повеќе,кој помалку...На лагата кратки и се нозете, а мајката секогаш знае.
Можеби не сум родител, и не сум до толку стручна да пишувам на оваа тема, но сум била тинејџер и знам како мојата мајка ме воспитувала... Па затоа ќе си дадам за право да реагирам на ваквите содржини.
Зар не е срамота, и нели е премногу вулгарна оваа реклама? Јас ќе кажам да,бидејќи девојчето на рекламата не верувам дека има повеќе од 16 години...Зар ова е пораката која сака да ја испрати ВИП до своите и идни клиенти!?!?!?!?!?....Еве пример како вашите деца да лажат за 0 денари...
И никој не реагира..А уште пострашно е што ова не е прва реклама во која главна тема е манипулација и лажење..
Еве уште неколку примери како да ги излажете професорите, вашите момчиња и девојки, како да му се изнасмеете на вашиот другар бидејќи незнае да се додворува. Има реклама во која малолетници пијат алкохол среде бел ден, и сето тоа поминува онака глатко, без никој да реагира.Ниту родители, ниту професори, психолози, психијатри, медиумски експерти, Советот за радиодифузија....
Тука може да се научи како да му се потсмевате на вашиот пријател,бидејќи Вие,нели сте поголеми фраери од него
А овде пак може да се каже дека за џабе оваа држава фрла пари на реклами во кои не учат дека алкохолот е штетен.Ако сакате да бидете ВИП,ќе го конзумирате цел ден,секој ден
Има премногу оператори, па во трката за подобра реклама и за да бидат поинтересни, не внимаваат на основните вредности, го забораваат моралот.Можат да снимат реклама која има поучна содржина, или барем нека се потрудат да ги избегнуваат ваквите реклами кои се косат со се она што еден родител го учи своето дете.
Наместо да смислуваат сами, подобро е да си го сменат тимот кој е главниот мозок за ваквите реклами, и нека препишат од некој кој знае подобро.
Плагијат би им простиле, за замена на рекламите во кои главната поука е ЛАГАТА.
Плагијат би им простиле, за замена на рекламите во кои главната поука е ЛАГАТА.
Еве уште некој пример
Можеби некои од рекламите се стари, но заедно со најновата која може да се погледне и на ФОХ, мислам дека ја постигнав поентата.
И да не ги заборавиме оние од Советот. Донесоа Правилник кој е за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој.
Иако неможев да прочитам ништо за рекламите, сепак мислам дека оние со содржина каква што можевте да видите погоре, спаѓаат во програма која влијае врз младите.
Можеби ништо ново на нашиот медиумски простор, за некого и не толку страшно, но мора да се започне од некаде.Ако веќе е донесен правилник, нека се почитува.
Ќе глумиме модерни, прошетани луѓе и ќе кажеме дека рекламава не е толку вулгарна .Напротив, јас се срамам кога ја гледам.
11.22.2011
П.С.
Љубовта е икона, багослов, радостТаа е верба, надеж
Некогаш е тажнa, а најубаво е да е среќна
Љубовта е ништо, а сепак е се
Огнена е, но пази се да не те изгори
Со неа сум слободна, но многу внимателна
Те прави горда, има и нема морал,
се појавува суета
Љубовта е празна, тивко ветре, но ме исполнува
Гневна е, но јас сум смирена
Знае да биде мачна, а јас сум задоволна
Мистерија, непредвидлива горчина и слатко воодушевување
Музика на умот, состојба на мирување.
Љубов е да сакаш,
не сакам да мразам.
Љубовта е восхит, но пази се од презирот
Љубовта сме јас и ти, засекогаш, заедно
Љубовта сме ние, и никогаш помалку.
п.с.За нас
11.21.2011
Јас имам талент,или јас живеам во луд свет?
Гледав и уште се чудам!
Какво шоу.Опасно,лудо,ненормално,ама добро извежбано.
И си размислувам.Ова го прават за слава и пари,не ми изгледаат дека се нормални.
Или пак ептен се нормални,ама нашле начин да го сторат ова и пак да останат живи.
Ги земаа парите,станаа славни познати,а за малку некој ќе останеше без глава.
До каде оди човечката глупост и лудост.
Во дефиницијата за лудост ќе видите дека е опишана како фраза која луѓето ја користат за да објаснат различна состојба на умот.А онаа научната вели дека лудите не можат да разликуваат и да направат поделба на доброто и злото.
Овие би ги ставила во првата дефиниција,бидејќи нивната ментална состојба можат да ја разберат најверојатно,ним слични.Јас не!
Но тоа ми даде поттик да размислам на што се сме спремни .Да си го ризикуваме животот,да се ставиме во опасна ситуација која има исто такви последици,да дозволиме да бидеме повредени,физичи,а потоа и психички.
Зашто сме такви ?Која е суштината на ваквите постапки?Да станеме славни и познати,да добиеме некаква си материјална сатисфакција.Не сме сите доволно паметни за да измислиме нешто што би го сменило текот на човештвото и да ни го читаат името во некоја историска книга за 100,200 години,па ќе гледаме да бидеме единствени со некоја глупост.
Да се стори било што,по секоја цена ,само за да се оправда постоењето на овој свет.
Многу почеста е појавата каде останатиот свет е ставен во опасност,само за да се добие некаво лично признание.
За многумина е тоа глупост и лудост,но не за џабе се рекло дека тоа се најсигурните извори на приходи.

Алберт Ајнштајн рекол: Постојат две бесконечни нешта. Вселената и човечката глупост. Ама за вселената не сум сигурен дека е толку голема.
Дали е ова храброст?И кога храброста преминува во лудост?
Лудоста кај индивидуите е нешто ретко – но кај групите,партиите, нациите и епохите, таа е правило.
Фридрих Ниче
Фридрих Ниче
Можеби и лудоста е нормална кога целото општество е лудо?Какво место станува овој свет во кој живееме?
Тука сме на кратко,патници кои само земаат здив од долгите патувања.Сите ние сме одраз на начие минатото,но во поинакви услови.
Како сакаме да го искористиме времето кое ни е дадено?
Само прашалници,точни одговори најверојатно не постојат.Барем не еден ист одговор кој ќе важи за сите нас.
Затоа јас го одбрав мојот:
Кога светот ќе полуди, човек мора да го прифати лудилото како здрав разум, бидејќи разумот крајно не е ништо друго освен лудило на кое се согласил целиот свет.
Џорџ Бернард Шо
Џорџ Бернард Шо
Скопје-едно големо С !?!?!?
Градоначалникот на Охрид ќе воведува такса за сите туристи кои ќе влезат во Охрид?!?!
И оние што се решиле да го посетат овој град ќе бидат вратени,бидејќи и онака цените им се премногу високи, а услугата....мислам дека сите ја имаме почуствувано.
Не дека моето мислење е важно, но ако сакаат Охриѓани да го направат својот град вистинска туристичка атракција нека престанат да градат згради, во кои станари се само, или повеќето од нив, жители од другите градови.Така ќе се полнат апартманите, па и хотелите.
А собите (апартмани на охридски) средете ги од парите кои сте ги заработиле оваа сезона. Доста веќе со намештај (мебел) од мираз, затворен со шајка бидејќи таму си ги чувате ќебињата и јамболиите. Догодина подобри услови, повеќе гости.
Хотелите нека не наплаќаат како да сме на француска ривиера.Охридско езеро не е море!
Услугата по рестораните, кафулињата, плажите подигнете ја на ниво на кое ви се цените.
Не може еден ден во Охрид да ме чини колку ден во Турција, во хотел каде што имам се што е потребно за еден пристоен одмор.
Градете хотели со базени, необичен изглед, модерни и луксузни, па наплаќајте ги со сегашните цени.
Ставете канти за отпадоци по цела чаршија. Јас може си го носам хартивчето во рака додека не го начекам првиот контејнер, но сите не се будали како мене.
Кутиите за струја ,клупите и жардињерите моментално ви изигруваат канти?!?!?!
Туристите доаѓаат со своја храна,не трошеле пари и оставале само отпадоци зад себе?
Тоа е само Ваша вина.Проблемот барајте си го во себе, не во туристите. Не се таксите решение.
Само ќе ги избркате и онака малкуте туристи.
И да се вратам на она што ми беше на ум,а ме испровоцира новоста со таксите и причината за истите.
Сакам да прашам зашто во Охридска Банка, во Скопје, работат само Охриѓани????
Eкономиситите од Скопје незнаат?!?!?!
Па нели тие доаѓаат тука ( се мисли на младите, па и постарите од цел
а Македонија?!) ни ја земаат работата пред нос?
Не само Охриѓани.Во Скопје е собрана цела Македонија.
Само тука имало работа за нив.Е па не може да завршиш Земјоделски факултет и да работиш во Скопје.
Тука не се живее од земјоделие.Инвестирај го своето знаење во местото од каде доаѓаш.Тешко е, знам. Но тоа не е решението. Дојди во Скопје, работи за 300 денари дневница.
Прво ја симнувате цената на работната рака бидејќи ве има премногу.Не може да се најде работно место за секој во еден град.
Оди во Охрид летно време, работат млади од Дебар, Радовиш,па и од Берово,а Охриѓани во Охридска Банка.
Да ви ставиме и ние такса.
Што престојувате,што работите и ни ја земате работата.
И вие не трошите во нашиот град.Зимно време носите зимница, тегли ајвар, туршија и печени пиперки.На лето се враќате во вашите градови и пак не трошите тука.
Само за Вас лебот ќе биде 99 денари, бидејќи само него го купувате во скопските продавници.
На секој кој не од овој град сакам да се воведе такса од 1000 денари.
Излезот ви е бесплатен, само не се враќајте,освен ако не се празници и сакате да направите шопинг.

Есен
Ја сакам есента.
Боите.
Златните и бронзени тонови
кои ги носи измешани со зелените остатоци од топлото лето.
Ме воодушевуваат.
11.15.2011
Нешто не ми е јасно????????
Не многу одамна,пратив е мејл на една страна кој има за цел да ја промовира нашата земја. Наидов на една фан страна на фејсбук, која имаше објавено една интересна идеја-да се испратат 20 фотографии, заедно со 20 зборови кои ја раскажуваат приказната за Македонија.
Нели, 20 години независност!!! И испратив. Заедно со фотграфиите, имав и едно барање за соработка, без валоризација. И не поминаа неколку дена,добив одговор.
Бев почестена со едно долго писмо во кое ми беа објаснети правилата за учество.
Но не е тоа толку важно. Моментот кој ме замисли е тоа што писмото беше потпишано од Стен, од Варшава. Идејата која ја имаат е да се даде значење на 20 годишнината на нашата земја преку фотографии и зборови.
Да може секој да стане дел од прославата.Овој проект кој тие го започнаа е еден од најдобрите за ваков настан.И колку што следам, сеуште трае. И тоа е одлично.
Идејата е прекрасна и единствена-сите заедно. Моето :Нешто не ми е јасно доаѓа тука.
Зашто јас не се сетив?
Зар требаше некој од Полска да потегне ваков проект?

Не бев во Скопје за прославата. Но да бев сигурно ќе бев на плоштадот. Без разлика на се она што го чув и прочитав ; дека било партиска прослава и сите кои биле присутни се од партијата на власт.Не сакам да сум партија, но сакам да ја прославам независноста.
Тоа е земјата која ја имам, ја сакам и ја познавам .Мене Југославија не ми значи ништо.Тоа е време кое не буди никакви сеќавања.Незнам дали ми било убаво или не.Бев мала.Сигурно не ми недостасувало ништо?!?!
Овие работи само ги нафрлам,односно изгледаат нафрлено, но имаат смисла(барем за мене).Она што во последно време го слушам е дека не се живее,тешко е,нема пари,во Југославија ни беше подобро,го сакаме Тито,се фрлаат пари за споменици,не ни требаат музеи,ќе си одиме во старите театри,улиците не мораа сега да ги прават,зар и цвеќиња ни требаа.
Да, се живее тешко,но по она што го гледам и читам не баш сјајно ни во останатите земји.Тоа не е причина да кукаме по минатото и да плукаме по сегашноста.
Сите овие причини се најголемата причина за разните несогласувања околу прославата на независноста.А не би требало да бидат.За мене тоа се различни работи,сосема спротивни.Јас сакам да си го прославам роденденот без разлика дали работам или не,дали е тешко времето или не.
Поскромно или богато,јас својот роденден го славам.И сакам да го славам и оној на земјата во која живеам.Тоа не значи дека сум со власта.Тоа значи дека ја сакам својата земја.Сакам огномет,сакам прослави.Ретки се, па затоа ги сакам повеќе.
И да се вратам на Стен.Нему не му е важно која партија е на власт.И затоа се родила идејата.Не мислеле на партии,на религии и националност.Овој проект се остварил затоа што знае колку е важен 8 септември за нас,иако понекогаш мислам дека ни самите не сме свесни.
И да завршам :)Јас моите форографии го пратив и се надевам ќе бидам дел од: Убавината на Македонија со 20 зборови или 20 слики.
Мал дел од мојата љубов за Македонија,колку патетично и да Ви звучи :):):)
Subscribe to:
Posts (Atom)