12.14.2011

Стоп за петардите!!!!!!!!!

Се ближи 31 декември.Скопје е блокирано.Што од купувачи,што од неписмени шофери, и сите оние подвижни машини со корпи (не им знам назив) кои ги користат за украсување.И се е супер...Барем оваа година навреме почнаа со монтирањето на украсните светилки и разните ѕвонци и ѕвезди.Дури и гужвите по продавниците и поголемите маркети,ако сте добро расположени и го сакате ова ова време од годината, нема да ви пречат.
Но она што сигурно ќе Ви го поремети шетањето низ центарот на Скопје, и мирниот сон се петардите и сите придружни пиротехнички глупости. Секоја година иста песна.
На раскрсницата кај Мавровка, додека чекате да се запали зеленото светло ќе ви дојдат минимум 4 малолетници кои нудат петарди. На пазарите,без исклучок,продаваат божем, скришно.
Жижици, пиратки, т.н.петарди-бомби и уште многу други пуцкави тракатанци,на кои сум им заборавила име. Има се!!!
Знаете, сте виделе.
И секоја година и покрај кампањите, и повикот на полицијата, барањата на некои умни родители, предупредувањата на професорите и наставниците, пак џабе.
Ги има и ќе ги има.
Полицијата ќе ги заплени, тие ќе прошверцуваат нови. Но и оние запленетите не се уништуваат во целост. Секогаш ќе се најде некој попаметен од другите, полицаец, па ќе земе една кутија за син му.Не дека ќе го остави сам да ги пали, тој ќе биде со него додека малиот се прави фраер пред другарите.


Или оние ептен совесни татковци, сами ќе одат на пазар или на некоја раскрсница и ќе купат за синовите, бидејќи овие им ветиле дека нема да ги носат на училиште и никако нема да ги палат петрдите без нивна дозвола.Како да не!?!?!?


Ама  децата немислат, бидејќи, нели со закон до 18 години, родителите треба да мислат за нив.А вториве, помали деца и од децата.Знаат и тие да носат некоја петарда во џеб, за на работа, па на пауза или  додека пушат цигара ќе ја исплашат колешката што  не сакала да го замени минатиот работен викенд. Или само ќе се забавуваат со останатите будали како него.Бидејќи да ти пукне петарда по нозе и да се извадиш од памет е многу смешна работа.


Уште некој ден ќе биде и невозможно да се шетате на раат низ Центар, зашто масовно ќе започне шиткањето на овие забавни зезалици. Барем така е секоја година и не гледам по што оваа би се разликувала од останатите.


Ќе се штрекаме, ќе кажеме некоја пцовка, некогаш во себе,но и на глас.И ќе дојде 31....Е тука веќе имаме проблем.Тешко на оние кои ќе бидат на градскиот плоштад или пак станарите кои во соседниот стан ќе имаат  новогодишна журка на малолетници,а богами поголемиве не се папаметни.Знаете дека во зграда, појако е чуството кога ќе пукнете петарда.Ви е гајле за останатите..Важно да се направи меракот.


Мене, искрено може некој пат срце да ме фати.Ама па мајка ми вика многу сум била б`злива, па јас не се бројам.


Како и да е, ако сте родител не паѓајте на барањата од типот : и татко му на Стефан му купи петарди,сакам и јас.Ако сте професор казнете ги оние кои носат на училиште разна пиротехника и повикајте ги родителите.Полицијата нека започне од денес, секој ден да лови т.н шиткачи, и нека не носи по дома некоја петарда.Сите да се уништат. И медиумите нека започнат уште вечерва со бесплатни кампањи и емитување на спотови кои , ако до сега не сте се убедиле дека овие, навидум безопасни  пукалици, се најголемото предновогодишно зло кое може да му го дозволите на Вашето дете,можеби ќе ве убедат.
Она што е најважно ќе се спречат многу поголеми катастрофи-Вашето дете нема да  остане без око, некој прст,  или  да добие гадна опекотина.
Фотографии од ове последици не ставам,бидејќи можете и да си замислите што може да се случи со Вашето или некое друго дете ако дозволите да си играат со петарди.

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));