11.15.2011

Нешто не ми е јасно????????

Не многу одамна,пратив е мејл на една страна кој има за цел да ја промовира нашата земја. Наидов на една фан страна на фејсбук, која имаше објавено една интересна идеја-да се испратат 20 фотографии, заедно со 20 зборови кои ја раскажуваат приказната за Македонија.


Нели, 20 години независност!!! И испратив. Заедно со фотграфиите, имав и едно барање за соработка, без валоризација. И не поминаа неколку дена,добив одговор.


Бев почестена со едно долго писмо во кое ми беа објаснети правилата за учество.


Но не е тоа толку важно. Моментот кој ме замисли е тоа што писмото  беше потпишано од Стен, од Варшава. Идејата која ја имаат е да се даде значење на 20 годишнината на нашата земја преку фотографии и зборови.


Да  може секој да стане дел од прославата.Овој проект кој тие го започнаа е еден од најдобрите за ваков настан.И колку што  следам, сеуште трае. И тоа е одлично.
Идејата е прекрасна и единствена-сите заедно. Моето :Нешто не ми е јасно доаѓа тука.
Зашто јас не се сетив?
Зар требаше некој од Полска да потегне ваков проект?


Не бев во Скопје за прославата. Но да бев сигурно ќе бев на плоштадот. Без разлика на се она што го чув и прочитав ; дека било партиска прослава и сите кои биле присутни се од партијата на власт.Не сакам да сум партија, но сакам да ја прославам независноста.


Тоа е земјата која ја имам, ја сакам и ја познавам .Мене Југославија не ми значи ништо.Тоа е време кое не буди никакви сеќавања.Незнам дали ми било убаво или не.Бев мала.Сигурно не ми недостасувало ништо?!?!


Овие работи само ги нафрлам,односно изгледаат нафрлено, но имаат смисла(барем за мене).Она што во последно време го слушам е дека не се живее,тешко е,нема пари,во Југославија ни беше подобро,го сакаме Тито,се фрлаат пари за споменици,не ни требаат музеи,ќе си одиме во старите театри,улиците не мораа сега да ги прават,зар и цвеќиња ни требаа.
Да, се живее тешко,но по она што го гледам и читам не баш сјајно ни во останатите земји.Тоа не е причина да кукаме по минатото и да плукаме по сегашноста.


Сите овие причини се најголемата причина за разните несогласувања околу прославата на независноста.А не би требало да бидат.За мене тоа се различни работи,сосема спротивни.Јас сакам да си го прославам роденденот без разлика дали работам или не,дали е тешко времето или не.


Поскромно или богато,јас својот роденден го славам.И сакам да го славам и оној на земјата во која живеам.Тоа не значи дека сум со власта.Тоа значи дека ја сакам својата земја.Сакам огномет,сакам прослави.Ретки се, па затоа ги сакам повеќе.


И да се вратам на Стен.Нему не му е важно која партија е на власт.И затоа се родила идејата.Не мислеле на партии,на религии и националност.Овој проект се остварил затоа што знае колку е важен 8 септември за нас,иако понекогаш мислам дека ни самите не сме свесни.


И да завршам :)Јас моите форографии го пратив и се надевам ќе бидам дел од: Убавината на Македонија со 20 зборови или 20 слики.
Мал дел од мојата љубов за Македонија,колку патетично и да Ви звучи :):):)

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));