11.21.2011

Јас имам талент,или јас живеам во луд свет?

Гледав и уште се чудам!
Какво шоу.Опасно,лудо,ненормално,ама добро извежбано.
И си размислувам.Ова го прават за слава и пари,не ми изгледаат дека се нормални.
Или пак ептен се нормални,ама нашле начин да го сторат ова и пак да останат живи.
Ги земаа парите,станаа славни познати,а за малку некој ќе останеше без глава.
До каде оди човечката глупост и лудост.
Во дефиницијата за лудост ќе видите дека е опишана како фраза која луѓето ја користат за да објаснат различна состојба на умот.А онаа научната вели дека лудите не можат да разликуваат и да направат поделба  на доброто и злото.
Овие би ги ставила во првата дефиниција,бидејќи нивната ментална состојба можат да ја разберат најверојатно,ним слични.Јас не!
Но тоа ми даде поттик да размислам на што се сме спремни .Да си го ризикуваме животот,да се ставиме во опасна ситуација која има исто такви последици,да дозволиме да бидеме повредени,физичи,а потоа и психички.
Зашто сме такви ?Која е суштината на ваквите постапки?Да станеме славни и познати,да добиеме некаква си материјална сатисфакција.Не сме сите доволно паметни за да измислиме нешто што би го сменило текот на човештвото и да ни го читаат името во некоја историска книга за 100,200 години,па ќе гледаме да бидеме единствени со некоја глупост.
Да се стори било што,по секоја цена ,само за да се оправда постоењето на овој свет.
Многу почеста е појавата каде останатиот свет е ставен во опасност,само за да се добие некаво лично признание.
За многумина е тоа глупост и лудост,но не за џабе се рекло дека тоа се  најсигурните извори на приходи.




Можеби и лудоста е нормална кога целото општество е лудо?Какво место станува овој свет во кој  живееме?
Тука сме на кратко,патници кои само земаат здив од долгите патувања.Сите ние сме одраз  на начие  минатото,но во поинакви услови.
Како сакаме да го искористиме времето кое ни е дадено?
Само прашалници,точни одговори најверојатно не постојат.Барем не еден ист одговор кој ќе важи за сите нас.
Затоа јас го одбрав мојот:
Кога светот ќе полуди, човек мора да го прифати лудилото како здрав разум, бидејќи разумот крајно не е ништо друго освен лудило на кое се согласил целиот свет.
Џорџ Бернард Шо


No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));