12.13.2011

Не знаеш од каде да почнеш?????


Не знаеш од каде да почнеш е еден од слоганите на мобилниот оператор ВИП....
И јас незнам од каде да почнам, па затоа ќе пишувам онака како што ми течат мислите...
Сигурна сум дека повеќето од Вас ги имаат гледано рекламите, бидејќи се емитуваат секој ден, на скоро секоја телевизија. Особено ме иритира последната реклама, иако не е прва со таква содржина.
Она што ме чуди е како до сега никој  јавно не изреагирал, особено родителите...или можеби реагираат,но јас не сум видела ниту некаде прочитала. И каде е Советот за радиодифузија???
Еве ја рекламата која со нејзината содржина, мислам дека може да влијае само погрешно врз младите:



Имате 15-16 години, сте ја излажале Вашата мајка дека ќе преноќите кај другарката, а наместо кај неа Вие сте со полуголи со Вашиот дечко!!! Не знаете од каде да почнете??? Па тука е ВИП, и за 0 денари можете да ја побарате вашата другарка да ја оправи работата што двете сте ја утнале-кој повеќе,кој помалку...На лагата кратки и се нозете, а мајката секогаш знае.



Можеби не сум родител, и не сум до толку стручна  да пишувам на оваа тема, но сум била тинејџер и знам како мојата мајка ме воспитувала... Па затоа ќе си дадам за право да реагирам на ваквите содржини.
Зар не е срамота, и нели е премногу вулгарна оваа реклама? Јас ќе кажам да,бидејќи девојчето на рекламата не верувам дека има повеќе од 16 години...Зар ова е пораката која сака да ја испрати ВИП до своите и идни клиенти!?!?!?!?!?....Еве пример како вашите деца да лажат за  0 денари...
И никој не реагира..А уште пострашно е што ова не е прва реклама во која главна тема е манипулација и лажење..
Еве уште неколку примери како да ги излажете професорите, вашите момчиња и девојки, како да му се изнасмеете на вашиот другар бидејќи незнае да се додворува. Има реклама во која малолетници пијат алкохол среде бел ден, и сето тоа поминува  онака глатко, без никој да реагира.Ниту родители, ниту професори, психолози, психијатри, медиумски експерти, Советот за радиодифузија....

Тука може да се научи како да му се потсмевате на вашиот пријател,бидејќи      Вие,нели сте поголеми фраери од него 

А овде пак може да се каже дека за џабе оваа држава фрла пари на реклами во кои не учат дека алкохолот е штетен.Ако сакате да бидете ВИП,ќе го конзумирате цел ден,секој ден




Има премногу оператори, па во трката за подобра реклама и за да бидат поинтересни, не внимаваат на основните вредности, го забораваат моралот.Можат да снимат реклама која има поучна содржина, или барем нека се потрудат да ги избегнуваат ваквите реклами кои се косат со се она што еден родител го учи своето дете.

Наместо да смислуваат сами, подобро е да си го сменат тимот кој е главниот мозок за ваквите реклами, и нека препишат од некој кој знае подобро.
Плагијат би им простиле, за замена на рекламите во кои главната поука е ЛАГАТА.

Еве уште некој пример

Можеби некои од рекламите се стари, но заедно со најновата која може да се погледне и на ФОХ, мислам дека ја постигнав поентата.
И да не ги заборавиме оние од Советот. Донесоа Правилник кој е за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој.
Иако неможев да прочитам ништо за рекламите, сепак мислам дека оние со содржина каква што можевте да видите погоре, спаѓаат во програма која влијае врз младите.
Можеби ништо ново на нашиот медиумски простор, за некого и не толку страшно, но мора да се започне од некаде.Ако веќе е донесен правилник, нека се почитува.
Ќе глумиме модерни, прошетани луѓе и ќе кажеме дека рекламава не е  толку вулгарна .Напротив, јас се срамам кога ја гледам.

1 comment:

Anonymous said...

Se soglasuvam potpolno so ova i samo se cudam sto do sega nikoj ne izreagiral. A kako nekoj da reagira na ova koga drzavata ja zabole za mladite...

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));