2.23.2013
Куќа во полето на соништата
Зборовите летаат како пеперутки. Ги фаќа со старата мрежа и остава порака : „ Чувај ги тие мисли, немам друго наследство да ти оставам.“
„ Елегија- ехо на тагата “ - запиша. Иако никогаш ја немаше формата, таква беше содржината.
Зар е важно?
За себе велеше дека не е` единствена, ниту уникатна, затоа што мислеше дека секој од нас се препознава во нечија приказна, тага, љубов или солза.
И таа го слушаше нејзиниот живот испеан во песна. Сигурно некој го чита својот во нејзината поезија.
2.19.2013
Вистински потег
Да бидеме реални и да гледаме малку позитивно на работите.
Нам ни беше потребен искусен борец, па затоа нашата Влада реши да го постави за министер Талат Џафери .
Нам ни беше потребен искусен борец, па затоа нашата Влада реши да го постави за министер Талат Џафери .
1.30.2013
Ходник на мигот
Се отвараат, па силен провев ќе
предизвика гласно трескање. Пак ќе се отворат, но разминувањето на различните
ветришта повторно затвараат. Во таа темнина се слушаат само звуците. Не можеш
да видиш, но затоа секое чувство е посилно.
Во тој миг вистински се доживуваат. Од чувства преминуваат во
вистина.
Ќе се појави некоја бела светлина, но е брза како крадец.
А таа....
12.27.2012
Студениот пријател
Стар пријател на нејзината порта. Студен ветер и остри сончеви зраци. Мириса на асфалт кој испарува од попладневниот дожд. Маглата полека се спушта и ја поздравува влажната земја. Гранките се нишаат и им велат збогум на лисјата.
Тие пак, како златни партали посеани од небото, нежно паѓаат создавајќи танц за средбата со врапчето кое ги колве сувите трошки.
Доцната есен создава прекрасна утринска претстава. Буди нежно сеќавање. Се враќа во сонот и го краде чуството на спокојот.
10.06.2012
Гулаби
Топлиот ветер го разнесуваше мирисот на свежина кој испаруваше од влажната коса. Прамените несмасно се лепеа на нејзиното лице, како четка со боја која уметникот ја размачкува на белото платно. Облечена во белиот, летен фустан, под ткаенината на небото, изгледаше како една од ѕвездите. Светеше, сама во таа темна прекривка над земјата.
Светеше, а не знаеше дека е сјај.
Секогаш додека беше пријатно времето, седнуваше на балконот и уживаше во тишината. Тоа беше време кога може да се препушти на мислите. Гледајќи како се гасат светилките од домовите една по една, размислуваше.
Секогаш додека беше пријатно времето, седнуваше на балконот и уживаше во тишината. Тоа беше време кога може да се препушти на мислите. Гледајќи како се гасат светилките од домовите една по една, размислуваше.
10.03.2012
Портрет
Да ја видеше некој уметник, сигурно би насликал прекрасен портрет. Месечината која сјаеше врз морската површина ја осветлуваше доволно за да уживаш во глетката. Дрвени талпи ковани пред децении, сведочејќи за работата на некој стар мајстор, стојат издигнати над водата и и` го чуваат телото на безбедно. Косата и се лелееше од ветрот кој носеше мирис на риба, онаа во водата, но се чуствуваше и мирисот на пржена или риба на скара од локалните, традиционални кафеани. Дури и тој, мирисот, се гледаше.
6.17.2012
Сама
Постојат моменти кога земјината тежа е посилна и од нејзината волја. Таа невидлива сила ја има моќта врз оптимизмот. Не секогаш, но сега се чуствува поразена од физиката.
Сака ведрина околу себе, но кога е потиштена бега од неа. Се смее само затоа што тоа ги задоволува сенките. Весела е за да не и ја видат слабоста духовите. Радоста ја глуми кога злите очи ја гледаат.
Сака ведрина околу себе, но кога е потиштена бега од неа. Се смее само затоа што тоа ги задоволува сенките. Весела е за да не и ја видат слабоста духовите. Радоста ја глуми кога злите очи ја гледаат.
Subscribe to:
Posts (Atom)