1.30.2013

Ходник на мигот




Се отвараат,  па силен провев ќе предизвика гласно трескање. Пак ќе се отворат, но разминувањето на различните ветришта повторно затвараат. Во таа темнина се слушаат само звуците. Не можеш да видиш, но затоа секое чувство е посилно.
Во тој миг вистински се доживуваат. Од чувства преминуваат во вистина.
Ќе се појави некоја бела светлина, но е брза како крадец.
А таа....

Таа тои и мирно диши. Очите и се отворени иако е мрак. Она што ние не можеме да го видиме таа го гледа со бистрина која ја има планинскиот извор. Исправена како јарбол чиј врв го краси развеано платно. Без никакво значење, нема историја ниту традиција. Но за неа- симбол и белег кои го створиле сонот.
Ходник.
Нема светлина, нема уметнички слики кои ќе ги покријат варосаните ѕидови. Нема теписи кои ќе ја задржуваат топлината ниту кристални вазни кои само ќе украсат. Нема мермери, старо дабово дрво.
Тука, во тој темен ходник има само врати кои во играта на ветровите се отвараат и затвараат. Некои од нив се затворени многу одамна. Правливи и испреплетени со пајажини, сега, се само неми сведоци на некое време. Има и нови, никогаш не отворени. Тука се, блиску, на дофатот на раката, но и некои подалечни. Тие чекаат во надеж дека можеби ќе штракне клучот, а може и никогаш да не бидат ниту допрени.
Овој ходник е како стебло, со длабоки корени и голема крошна. Има стари гранки на кои ниту птиците повеќе не слетуваат и млади фиданки кои во раната пролет секогаш ги привлекуваат шумските животни и инсектите. Иако е целина, секое гранче, ливче има своја приказна. Сите тие никнале, се родиле кога кажало времето.
Од сите врати, отворени и затворени, само минатото и иднината на две од нив се раскажани. Еднаш отворена и засекогаш ќе се затвори.
Но сите останати, во таа временска рамка нацртана од архитектското пенкало на времето се пиони кои ветрот ги успешно ги отвара на шаховската табла.
Нема математичка низа, ниту логика. Никогаш ни една од нив не е прва, а понекогаш постои желба да е последна. Ниту една не е заклучена.
Топла обвивка од  љубов, бура со грмотевици од гнев или скриена тага под влажна земја. Милиони замислени мравки парадираат врз наежената кожа со симболот на стравот или птицата ја пее најтажната песна која го собрала сето страдање на светот.
Цветови покриени со утринска роса кои крадат насмевка и винижито со незамисливи бои на среќа.
Овој ходник ги изоштрува сетилата и го оживува секое чуство.
Вистината.

Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Елена Петковска, автор на блогот Моја мисла, мое право. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на 

Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));