2.19.2013

Вистински потег

Да бидеме реални и да гледаме малку позитивно на работите.
Нам ни беше потребен искусен борец, па затоа нашата Влада реши да го постави за министер Талат Џафери .

Јас веќе се чувствувам побезбедно и посигурно од вчера. 
Како инаку нашите војници би научиле нешто корисно, затоа што освен што си играме војна во Ирак и Авганистан, нема кој да им биде пример како се напаѓа една држава.
Кој друг, ако не командант на ОНА ќе ни помогне да ја имаме совршената војска за влез во НАТО.
Наместо да бидете благодарни и среќни,ве читам тука втор ден како пишувате со јазик на омраза!

Тој го има потребното воено образование, а и искуство. Квотата на потребни кредити за вработување е исполнета уште во 2001 година, и немаше повеќе смисла да се чека за ваков квалитетен човек да се постави на вистинското место.
Сега можеби ќе научат нашите војници корисни финти како да го збуниш непријателот во планина,како на пример: да ставиш ламба на крава или некое друго крволочно животно и да чекаш да почнат да пукаат за да им ја дознаеш позицијата.Се чудам како не им текнало до сега на Американците да го искористат овој доста ефективен воен метод!
Ќе се обучат како да дезертираат и да не сносат никакви последици,а и ќе  научат уште еден јазик.
Ќе видат дека нема потреба да се почитува оваа земја за да се добие тоа што се сака, без разлика дали е правилно или не.
Говорите на министерот ќе бидат пократки за една реченица, затоа што нема потреба веќе да се каже: Да живее армијата на Република Македонија, бидејќи веќе не е нејзина.
Сега војниците ќе бидат и многу полични.Ќе им сошијат нови унуформи, па ќе светка по едно двоглаво орле врз златното сонце.
Можеби и законот за бранителите ќе го добие своето заслужено внимание.Сега министерот ќе се избори за своите војници, со кои се бореа рамо до рамо пред 12 години, да добијат се што е потребно, како слободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги;  вработување; станбено згрижување;  еднократен паричен надоместок;  права од областа на образованието;  работен стаж во двојно траење;  семејна пензија;  сместување во старечки домови; одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.
И секако сето тоа ќе биде во рамките на Рамковниот договор, со точен процент.
И наместо да бидете благодарни, вие пак се подготвувате да излагувате на улица и да протестирате за ваквиот потег.



No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));