Милион дијалози смислени да распараат срце немо се кријат во душата кога ќе те видам.
12.19.2015
5.20.2014
Велосипед вреден живот!
Пред да го прочитате текстов прашајте ги родителите што им е повредно и помило: парите кои ви ги дале да си купите точка или самите вие?
2.18.2014
Некои одлуки се донесени без одлука!
Обично го читам законот, одредби и слични одлуки кои сакам да ги критикувам пред да напишам било што, ама еве денес решив да им верувам на Дневник со толкувањата и да се лишам од читање.
Се работи за новата одлука за комунален ред донесена од страна на Град Скопје. Скоро се што е донесено ми е прифатливо, освен делот со миленици, кој лично ме засега бидејќи онака како што е предвиден е неизводлив.
10.30.2013
Ехххх, тоa беа времиња!
Иначе
ова со фабриките е од поново време! Пред 15 години памтам мајка ми од платата у
Годел купи 3 стана и плац на Водно!
Порано
фабриките беа со газди ко Вили Вонка. Одеа само една смена и тоа само 6 часа. Не
се работело на норма и немало штетни материи!
Татко
ми исто така презадоволен од Алумина замина пред 15 год во иностранство, за да
ги научи тамошните газди како треба. Било прекрасно тука!
9.17.2013
ПРОТЕСТИРАМ!
Има една чудна навика нашиот народ на аргументирање на своите ставови и мислења. Наместо факти се почесто добивам подредување по важност и споредби на работи кои немаат врска едни со други. Како главна покрепа на она што го зборуваат и пишуваат е напад многу често и на правилното затоа што се почесто замижуваме пред лошото.
Ако сакаш легализација на марихуаната, барај легализација, не ми прави светец од наркоман со историја. Ако сакаш да дуваш трева, имаш начин како тоа да го побараш без да направиш херој од Кили, човек кој некогаш водеше каравани кои проповедаа дека дрогата е лоша. Ако сакаш зеленило во твојот град, дојди протестирај и кога ги сечат дрвата и во моето маало.
Ако сакаш легализација на марихуаната, барај легализација, не ми прави светец од наркоман со историја. Ако сакаш да дуваш трева, имаш начин како тоа да го побараш без да направиш херој од Кили, човек кој некогаш водеше каравани кои проповедаа дека дрогата е лоша. Ако сакаш зеленило во твојот град, дојди протестирај и кога ги сечат дрвата и во моето маало.
***
Протестирам против сите оние кои бараат спас за Кили.
Протестирам против комшијата што мисли дека може да ја турира колата под прозор 30 минути во недела сабајле.
Протестирам против кираџиите од карши кои не научија дека врата се затвора со рака, не се остава на промајата.
6.10.2013
Неправедна казна!
Многу одамна
престанав да го користам јавниот превоз. Можеби затоа што имав избор, но повеќе
затоа што никогаш не сум го сакал. Денес повеќе пешачам и обврските ги
завршувам без да користам превозно средство.
Но ете, по некоја
случајност, решив да го користам автобусот за да стигнам од Козле до Ново
Лисиче.
6.06.2013
Едно е` се!
Биди ми дланка која ќе ме води кога сонцето силно ќе сјае,
ти си моја водилка во ноќ без месечина.
Заедно низ брдо, до дното и кон ѕвездите!
Subscribe to:
Posts (Atom)