9.17.2013

ПРОТЕСТИРАМ!

Има една чудна навика нашиот народ на аргументирање на своите ставови и мислења. Наместо факти се почесто добивам подредување по важност и споредби на работи кои немаат врска едни со други. Како главна покрепа на она што го зборуваат и пишуваат е напад многу често и на правилното затоа што се почесто замижуваме пред лошото.
Ако сакаш легализација на марихуаната, барај легализација, не ми прави светец од наркоман со историја. Ако сакаш да дуваш трева, имаш начин како тоа да го побараш без да направиш херој од Кили, човек кој некогаш водеше каравани кои проповедаа дека дрогата е лоша. Ако сакаш зеленило во твојот град, дојди протестирај и кога ги сечат дрвата и во моето маало.
***
Протестирам против сите оние кои бараат спас за Кили.
Протестирам против комшијата што мисли дека може да ја турира колата под прозор 30 минути во недела сабајле.
Протестирам против кираџиите од карши кои не научија дека врата се затвора со рака, не се остава на промајата.
Протестирам против општината која наместо своите жители ги има вработено пола Битолчани.
Протестирам против Прилепчанецот кој протестираше за дрвата во Бристол, додека центарци пиеа кафе во Чао, Плеј и Корзо.
Протестирам против оние „работодавци“ кои од мене побараа 50 пробни текстови, неплатени.
Протестирам против сите оние кои сакаат да ме платат мочани 100 евра за работа од јутра до сутра.
Протестирам против моторџијата кој цело лето моторот го дигаше на едно тркало у маалска уличка само за да биде чуен.
Протестирам против новата одлука на Центар за барање дозвола на станарите за чување миленици, затоа што прво треба да се донесе одлука за барање дозвола за вселување на станари.
Протестирам што на толку невработени се уште нема доволно инспекција да ги собере циганите кои ги опиваат и дрогираат бебињата за да бидат мирни додека просат на семафори.
Протестирам што се дава алкохол на пијани лица.
Протестирам што смее да ечи турбо фолк музика по кафаните во места каде луѓе живаат.
Протестирам што не можам ко човек да одам на Партизанска затоа што некој не сака да плати паркинг за мерцедесот од 100 000 евра.
Протестирам против кафанџиите кои ми наплаќаат сок 100 денари мислеќи дека Кеј е Венеција.
Протестирам против сите оние на кои стандардна пијачка им е пиво, ама ако е гага пијат строго виски 100 год старо, донесено од Дивиот Запад.
Протестирам против сите оние кои не ја знаат разликата помеѓу водител и новинар.
Лила и Снежана Лупевска не се исто (чисто ко пример)!
Протестирам против сите келнери на кои кога ќе им побараш вода вадат сабја и ти ја сечат раката.
Протестирам против сите оние кои пуштаат огласи за работа нагласувајќи дека старосната граница е 24 години со 5 години искуство и докторат.
Протестирам затоа што немам загарантирано уставно право да го работам тоа што сум го учела за нормална плата во нормални услови.
Протестирам што морам да плаќам комунална хигиена кога хартии и улошки ми летаат низ маало.
Протестирам против сите информативни портали кои на крајот на своите текстови пишуваат: *Текстот не е лекториран, затоа што казна за тоа е 800 евра! Вработете лектори!
Протестирам што Паркови и зеленило не дојдоа да видат кои дрва се стари и да ги исечат, па настрада колата на комшијата, а можеше тоа да биде дете.
Протестирам против секој градоначалник што даде и се уште дава дозвола за градба на згради таму кај што не е предвидено ни во паралелен универзум.
Протестирам против самонаречените зелени паркобранители кои ги немаше кога во Козле се дигна зградурина во шума која не само што е зелен бран, туку е потпора Жданец да не ни се сруши на глава.
Протестирам против сите комшики кои шпоретите си ги извадија на балкони и ни го нудат својот неделен јеловник под нос.
Протестирам против сите мрзливи мајки кои од 10 спрат го викаат Стефан.
Протестирам против сите самонаречени експерти по економија и нивните совети со БДП пред 2006 и по неа.
Протестирам против сите идиоти кои одгледуваат кучиња за борба и против властите кои со години „не знаат“ кои се и каде се наоѓаат тие.
Протестирам против самонаречените модни критичарки и нивните совети каде и кога се носат хеланки, а се доволно слободоумни да поддржуваат голотија.
Протестирам што еднаш не земав на време плата.
Протестирам што во банките, болниците и амбулантите се уште постојат оние трти гз шалтери со кои им се клањам на сестрите и банкарите.
Протестирам против сите што се бунат за бесплатното возење на пензионерите со ЈСП, затоа што и вашата баба се вози без пари у вторник.
Протестирам против сите оние кои протестираат за да бранат туѓи идеали.
Протестирам против сите што сакаат да го сменат името, го користат како уцена за се што чини и не чини у државава и го злоупотребуваат да ми перат мозок.
Протестирам против законот за градба каде пишува дека градба на некој зграда мора да се заврши во разумен рок. Ене ја онаа од карши 5та година ми призведува прашина за у спална.
Протестирам против законот за домување затоа што иако плаќам 700 денари месечно, сама морам да се јавам да дојдат ако има нешто за поправка и уште да  платам дополнително.
Протестирам против сите кои сакаат да дуваат трава, а ја користат приликата со Кили за да побараат легализација за медицински цели. Жити се?
Протестирам против сите новопечени колумнисти кои своите колумни ги пишуваат со другарчињата на чат на ФБ.
Протестирам против сите оние кои споредуваат работи по важност кои немаат допирни точки: Најдоа дрвата у Центар да ги сечат, а уште не ги фатиле убијците од Смилковци!
Протестирам против сите кои протестираат за погрешни работи само колку да бидат дел од малцинството кое не се согласува со мнозинството.
Протестирам против сите што се жалат дека нема слобода на изразување додека плукаат за истата.
Протестирам против сите родители кои наместо да ги казнат децата за неопрвданиот во школо, одат и се жалат на директорот од професорите.
Протестирам против сите што бараат кралски третман и луксузни услуги на места каде што плаќаат 1500 денари месечно, како градинките на пример.
Протестирам против Адам шус кои ми побараа неповратен капар за да ми донесат кондури од магацин да ги пробам.
Протестирам против сите самонаречени толкувачи на законот.
Протестирам против сите невладини „непрофитни“ организации за „спас“ на циганите, бидејќи се побројни од самиот народ и ништо не направија со години.
Имам ја уште работи за кои протестирам, ама нејсе, има време!
Протестирам од дома!

п.с. (надополнето) Протестирам против сите што не користат килирично писмо на социјалните мрежи!

5 comments:

Navigator said...

Сублимат на моите мисли, барем последниве месец дена. Браво!

LXV said...

„Протестирам против сите оние кои протестираат за да бранат туѓи идеали...

Протестирам против сите кои протестираат за погрешни работи само колку да бидат дел од малцинството кое не се согласува со мнозинството.“

Протестираш и против себеси? Без нервози, ќе ти помине за 2-3 дена, како и секој друг месец.

А иначе во врска со муабетот за Кили кој во времето како дел од карванот за едукација „плукаше по дрогата“, жал ми е девојко, ама погрешно ти преведиле. Кили говореше (мислам дека уште го прави тоа) дека нема поубаво чувство од фикс, ама дека последиците по животот и здравјето на корисникот на дрога се катастрофални. И бај д‘уеј, муабетот се однесуваше на дрогите кои предизвикуваат зависност.

Unknown said...

LXV
Не сум девојче од 13 години, па да ми раскажуваат родителите што говорел Кили, затоа што сум доволно возрасна па имав шанса со свои уши да го чујам.
И второ, ви посакувам многу деца на кои за 14 роденден наместо торта да им подариш марихуна затоа што таа е, нели, здрава, не предизвикува зависност и за разлика од останатите дроги го поттикнува работењето на срцето, дава енергија за учење, тера на јадење брокула и шири љубов!

LXV said...

Елче, нема да постирам линкови после фактите за кои ќе пишувам, ама секој со 2 грама мозок што знае да користи интернет слободно може да ги провери...

Прво, растение кое се вика марухуана не постои; тоа е „баба рога“ име измислено од Американското FBN за демонизирање на канабисот, растение со екстремно широк спектар на примена, од храна, облека, хартија (првиот Устав на САД е испечатен на хартија од канабис), гориво, медикаменти (од аналгетик до лек против Алцхајмерова болест и тумори) итн., и чии производи најчесто се многу поквалитетни и покорисни за животната средина од супститутите кои денес се применуваат.

Второ, на млад организам во растење не му се даваат психоактивни супстанци (вклучително кофеин и никотин). Можам да заклучам дека си жесток противник на „марихуаната“ и никогаш не си пробала (или си пробала и не ти се допаднала што е во ред; и онака 9 од 10 жени се „control freaks“ и следствено не поднесуваат THC), ама ај биди искрена и одговори ми од колку години пиеш кафе и алкохол и/или пушиш цигари, па да ја продолжиме дискусијава...

Unknown said...

LXV

Едноставно не се согласуваме околу марихуаната и тоа е во ред. Не викам да не се бара легализација, не сум против ништо што се користи како лек, но не на начин како овој. Не си ме разбрал, бидејќи убаво пишувам „Ако сакаш легализација на марихуаната, барај легализација, не ми прави светец од наркоман со историја. Ако сакаш да дуваш трева, имаш начин како тоа да го побараш без да направиш херој од Кили, човек кој некогаш водеше каравани кои проповедаа дека дрогата е лоша.“
И не сум во ПМС веќе 6 месеци!

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));