6.06.2013

Едно е` се!



Биди ми дланка која ќе ме води кога сонцето силно ќе сјае,
ти си моја водилка во ноќ без месечина.
Заедно низ брдо, до дното и кон ѕвездите!

Биди ми сон во неспиена ноќ кој ќе ме одмори од убавини и радости,
ти си моја прекривка во летна ноќ со студен ветер.
Заедно низ пустина, до сува река и кон синото езеро!

Биди ми прегратка во болест без треска која ќе ми ги затвори очите кога бараат премногу,
ти си моја јасност во густа шума без зеленило.
Заедно низ гранките, до копривите и кон виножитото!

Биди ми мисла која ќе ми шепне кога се` знам,
ти си моја совест во утро без песна.
Заедно низ можноста, до крајот и кон бесконечноста!

Биди ми пруга која води низ познат пат,
ти си моја светлина во бура без дожд.
Заедно низ полето, до трњата и кон врвот!

Биди ми се` кога немa ништо!


No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));