Градоначалникот на Охрид ќе воведува такса за сите туристи кои ќе влезат во Охрид?!?!
И оние што се решиле да го посетат овој град ќе бидат вратени,бидејќи и онака цените им се премногу високи, а услугата....мислам дека сите ја имаме почуствувано.
Не дека моето мислење е важно, но ако сакаат Охриѓани да го направат својот град вистинска туристичка атракција нека престанат да градат згради, во кои станари се само, или повеќето од нив, жители од другите градови.Така ќе се полнат апартманите, па и хотелите.
А собите (апартмани на охридски) средете ги од парите кои сте ги заработиле оваа сезона. Доста веќе со намештај (мебел) од мираз, затворен со шајка бидејќи таму си ги чувате ќебињата и јамболиите. Догодина подобри услови, повеќе гости.
Хотелите нека не наплаќаат како да сме на француска ривиера.Охридско езеро не е море!
Услугата по рестораните, кафулињата, плажите подигнете ја на ниво на кое ви се цените.
Не може еден ден во Охрид да ме чини колку ден во Турција, во хотел каде што имам се што е потребно за еден пристоен одмор.
Градете хотели со базени, необичен изглед, модерни и луксузни, па наплаќајте ги со сегашните цени.
Ставете канти за отпадоци по цела чаршија. Јас може си го носам хартивчето во рака додека не го начекам првиот контејнер, но сите не се будали како мене.
Кутиите за струја ,клупите и жардињерите моментално ви изигруваат канти?!?!?!
Туристите доаѓаат со своја храна,не трошеле пари и оставале само отпадоци зад себе?
Тоа е само Ваша вина.Проблемот барајте си го во себе, не во туристите. Не се таксите решение.
Само ќе ги избркате и онака малкуте туристи.
И да се вратам на она што ми беше на ум,а ме испровоцира новоста со таксите и причината за истите.
Сакам да прашам зашто во Охридска Банка, во Скопје, работат само Охриѓани????
Eкономиситите од Скопје незнаат?!?!?!
Па нели тие доаѓаат тука ( се мисли на младите, па и постарите од цел
а Македонија?!) ни ја земаат работата пред нос?
Не само Охриѓани.Во Скопје е собрана цела Македонија.
Само тука имало работа за нив.Е па не може да завршиш Земјоделски факултет и да работиш во Скопје.
Тука не се живее од земјоделие.Инвестирај го своето знаење во местото од каде доаѓаш.Тешко е, знам. Но тоа не е решението. Дојди во Скопје, работи за 300 денари дневница.
Прво ја симнувате цената на работната рака бидејќи ве има премногу.Не може да се најде работно место за секој во еден град.
Оди во Охрид летно време, работат млади од Дебар, Радовиш,па и од Берово,а Охриѓани во Охридска Банка.
Да ви ставиме и ние такса.
Што престојувате,што работите и ни ја земате работата.
И вие не трошите во нашиот град.Зимно време носите зимница, тегли ајвар, туршија и печени пиперки.На лето се враќате во вашите градови и пак не трошите тука.
Само за Вас лебот ќе биде 99 денари, бидејќи само него го купувате во скопските продавници.
На секој кој не од овој град сакам да се воведе такса од 1000 денари.
Излезот ви е бесплатен, само не се враќајте,освен ако не се празници и сакате да направите шопинг.
11.21.2011
Есен
Ја сакам есента.
Боите.
Златните и бронзени тонови
кои ги носи измешани со зелените остатоци од топлото лето.
Ме воодушевуваат.
11.15.2011
Нешто не ми е јасно????????
Не многу одамна,пратив е мејл на една страна кој има за цел да ја промовира нашата земја. Наидов на една фан страна на фејсбук, која имаше објавено една интересна идеја-да се испратат 20 фотографии, заедно со 20 зборови кои ја раскажуваат приказната за Македонија.
Нели, 20 години независност!!! И испратив. Заедно со фотграфиите, имав и едно барање за соработка, без валоризација. И не поминаа неколку дена,добив одговор.
Бев почестена со едно долго писмо во кое ми беа објаснети правилата за учество.
Но не е тоа толку важно. Моментот кој ме замисли е тоа што писмото беше потпишано од Стен, од Варшава. Идејата која ја имаат е да се даде значење на 20 годишнината на нашата земја преку фотографии и зборови.
Да може секој да стане дел од прославата.Овој проект кој тие го започнаа е еден од најдобрите за ваков настан.И колку што следам, сеуште трае. И тоа е одлично.
Идејата е прекрасна и единствена-сите заедно. Моето :Нешто не ми е јасно доаѓа тука.
Зашто јас не се сетив?
Зар требаше некој од Полска да потегне ваков проект?
Нели, 20 години независност!!! И испратив. Заедно со фотграфиите, имав и едно барање за соработка, без валоризација. И не поминаа неколку дена,добив одговор.
Бев почестена со едно долго писмо во кое ми беа објаснети правилата за учество.
Но не е тоа толку важно. Моментот кој ме замисли е тоа што писмото беше потпишано од Стен, од Варшава. Идејата која ја имаат е да се даде значење на 20 годишнината на нашата земја преку фотографии и зборови.
Да може секој да стане дел од прославата.Овој проект кој тие го започнаа е еден од најдобрите за ваков настан.И колку што следам, сеуште трае. И тоа е одлично.
Идејата е прекрасна и единствена-сите заедно. Моето :Нешто не ми е јасно доаѓа тука.
Зашто јас не се сетив?
Зар требаше некој од Полска да потегне ваков проект?
Не бев во Скопје за прославата. Но да бев сигурно ќе бев на плоштадот. Без разлика на се она што го чув и прочитав ; дека било партиска прослава и сите кои биле присутни се од партијата на власт.Не сакам да сум партија, но сакам да ја прославам независноста.
Тоа е земјата која ја имам, ја сакам и ја познавам .Мене Југославија не ми значи ништо.Тоа е време кое не буди никакви сеќавања.Незнам дали ми било убаво или не.Бев мала.Сигурно не ми недостасувало ништо?!?!
Овие работи само ги нафрлам,односно изгледаат нафрлено, но имаат смисла(барем за мене).Она што во последно време го слушам е дека не се живее,тешко е,нема пари,во Југославија ни беше подобро,го сакаме Тито,се фрлаат пари за споменици,не ни требаат музеи,ќе си одиме во старите театри,улиците не мораа сега да ги прават,зар и цвеќиња ни требаа.
Да, се живее тешко,но по она што го гледам и читам не баш сјајно ни во останатите земји.Тоа не е причина да кукаме по минатото и да плукаме по сегашноста.
Сите овие причини се најголемата причина за разните несогласувања околу прославата на независноста.А не би требало да бидат.За мене тоа се различни работи,сосема спротивни.Јас сакам да си го прославам роденденот без разлика дали работам или не,дали е тешко времето или не.
Поскромно или богато,јас својот роденден го славам.И сакам да го славам и оној на земјата во која живеам.Тоа не значи дека сум со власта.Тоа значи дека ја сакам својата земја.Сакам огномет,сакам прослави.Ретки се, па затоа ги сакам повеќе.
И да се вратам на Стен.Нему не му е важно која партија е на власт.И затоа се родила идејата.Не мислеле на партии,на религии и националност.Овој проект се остварил затоа што знае колку е важен 8 септември за нас,иако понекогаш мислам дека ни самите не сме свесни.
И да завршам :)Јас моите форографии го пратив и се надевам ќе бидам дел од: Убавината на Македонија со 20 зборови или 20 слики.
Мал дел од мојата љубов за Македонија,колку патетично и да Ви звучи :):):)
9.19.2011
Нашата игра-пример за светот
Сите земји ,како и луѓето имаат свој пол,а нашата е од
изразито женски род.Токму силната женска природа е заслужна за нашата
плодност.Дајте и само семе и поттик и таа,со мајчинска грижа и со
пожртвуваност,на начин што и е својствен само нејзе,ќе одгледува и негува
восхитувачки плодови.Секое семе знае кога дошол мигот да из`рти.
Дојде мигот.Дојде славата, гордоста,победата.
Се чу крик.Но не од болка.Крик на магија ја пресече тишината на Македонија.
Викнаа сите.Пееја заедно.Позитивен домино ефект на 25.713 km² површина.
Без медал,а сепак победници.
Не застанавме на скалата на успехот,но станавме шампиони.
Светот е восхитен од нас.Од желбата,снагата,духот.Покажавме срце,љубов,фер игра.Ја покажавме големината која долго е негирана и потиснувана.
Ни беше потребна оваа победа.Сите заедно да навиваме,пееме,да се молиме,да
плачеме.Сите како едно.Македонија цела.
Новинарите низ Европа,а богами и светот пишуваа за нас: „Непобедлива фаланга“, „Македонците гинат за своите навивачи“, „Какви лавовски срца“, „Македонците се од некоја друга димензија. За да ги победите треба добро да се намачите“
Но ние тоа го знаеме.А сега и го можеме.Големи сме,непобедливи,бестрашни.
Прва голема победа за Македонија,но мојот оптимизам вели не последна и не ретка.Ќе бидеме повторно во центарот на универзумот.
Целата еуфорија која не зафати не беше само за успехот во спортот.Песните кои се пееја не беа само за победата.Радоста не беше само за кошарката.
Овие момци,јаки снаги, успеаа да не соединат,да не обединат,да не воскреснат.
Затоа оваа победа е поголема и помоќна.
Ни ги наполнија срцата.Бран на топли прегратки,искрени поздрави,гласови на радост и среќа.
Нема поубаво
чуство од успех и победа.Победа над нас
самите.
Успех кој не` не прави суетни, себични и самозадоволни.Ова е успех кој е скромен,толерантен,љубезен.
Ја сакам својата земја.Но сега уште повеќе.
Македонија на Македонците.
5.20.2011
Моторџии

Убавото време не ни дозволува да ги користиме возилата.Затоа велосипедот или пак пешачењето се правиот избор.
Но тука се и мотоциклистите! Со секој почеток на пролета , тие ја започнуваат сезоната.
Од искусни моторџии до деца на кои родителите им ветиле веспа ако поминат со солидни оценки.
Сликата е страшна.
Се вози без основна заштита, се вози брзо и невнимателно.
Ако тоа превозно средство може да се движи низ патеките на градскиот парк , не значи и дека треба токму таму да се вози.
Булеварот Партизанска е прилично добра и во соодветна состојба, но тоа не им дава право да возите со огромна брзина.
Статистиката покажува дека најчести жртви се пешаците.
Ова е доволен знак да се вози внимателно и со брзина која е пропишана за нашите услови.
Во Скопје вози кој како сака и не води сметка за другите во сообраќајот
Потребно е спречување на ноќните трки по улиците, воведување високи казни.
Потребни се постојани укажувања да не се вози под дејство на алкохол, да не се вози пребрзо, да се почитуваат сообраќајните знаци.
Велосипедистите, ролерџиите и моторциклистите да се движат по своите патеки.
Скутерите да не се однесуваат час како автомобили, а час како пешаци, таксистите и камионите да не запираат и да не се паркираат каде што ќе им текне.
Внимавајте сите!
Само така ќе ја намалиме статистичката бројка на сообраќајни несреќи.
Графити

Графитите се составен дел од урбаната култура. Преку нив може да се пренесе некоја порака, да се искаже револт, а често знаат и добро да ве насмеат.
Графитите некогаш се сметаат за форма на уметност, но и за вандализам.
Испишувањето графити е забрането и казниво со Законот за јавна чистота.
Според законот, на јавни објекти забрането е и цртање и лепење плакати. Казната за испишување графити е 50 евра.
Иако графитите се забранети со закон, сепак цртачите наоѓаат начини како на ѕид да ги пренесат своите пораки.
Најчесто пораките кои се испишани по скоските ѕидови се со политичка содржина.
Цртачите на графити се обидуваат да ги искористат ѕидовите за некои свои апетити, некои свои мислења.
Уметноста одсекогаш била начин да се изрази некој свој став , мислење и да пренесе некоја порака.
Но во Скопје не постојат ѕидови кои ќе бидат искористени токму за овој вид на уметност.
Па затоа најчеста мета се ѕидовите од зградите и училиштата.
И наместо порака , ќе прочитате нечие име и содржина која нема и баш некоја порака.
Не постои ѕид кој што нема барем една шкртаница.
Затоа апел до сите.
Апел до властите : Дајте им на цртачите ѕид кој ќе биде наменет само за нивните пораки и мисли.Место каде што оние креативните ќе го изразат својот став.
Апел до цртачите на графити : Избегнете ги нашите згради и училишта.Тие секако не се најсоодветното место за вашите цртежи.
Сообраќајот и хаосот !!!

Сообраќајниот метеж со кој се соочува Скопје се провлекува со години.
Експертите по сообраќај укажуваат на се поголемиот број на возила и тесните сообраќајници.
Како привремени решенија ги наведуваат проширувањето на улиците и воведување на еднонасочен сообраќај.
Иако со еднонасочниот систем ќе се олесни сообраќајот и хаосот кој е дел од нашето секојдневие, тој е привремено решение.
Негвата намена има поголеми резултати во центарот на градот, но во населбите и маалата каде што има многу мал проток на возила не е потребен.
На преполните маалски улици со возила потребни се паркинг места, а не менување на правецот на движење на возилата.
На многу од жителите на Карпош проблем им преставува токму овој систем на движење, бидејќи се случува на улици кои со години функционирале како двонасочни, да се пренаменат во еднонасочни. Не е подобро и во останатите делови на градот.
Со новиот тренд на изградба на станбени згради, паркирањето преставува поголем проблем , отколку самото движење по улиците.
Она што на граѓаните ќе им го олесни движењето е проширување и санирање на улиците и иаградба на нови паркинг места.
Subscribe to:
Posts (Atom)