5.12.2012

Не издржа срце јуначко

Не можев да издржам.Си ја разработив тастатурата, но очигледно дека 140 карактери на Твитер не можат да ја совладаат мојата мисла, односно, не можам со толку малку букви во целост да се искажам.
По читањето на ефтината колумна на госпожа Ива, решив да си се доискажам на мој терен без ограничувања.
Хит е мостот кај Холидеј Ин.
Се обидував да го прескокнам, бидејќи има поиновативни луѓе од мене, а скоро сите може да се најдат на Твитер.Затоа ги следам.
Но нема да се занимавам со мостот.Тие веќе го направија тоа.
По изјавата на  #ЈаснаТрагачевска ( појма немам која е) ми се стемни.
Си кажав што си кажав на Твитер, но еве поопширно: зашто!
Не можеш да излезеш во јавност и да преставуваш група на луѓе кои најверојатно се истомисленици и да се клештиш додека зборуваш како (парафразирам) по дома сте си збореле, па ви текнало и ајТ на мост да лепиме пари.Смешките што си ги кажувале по фејсбук, твитер ај да ги презентираме во јавност да се насмеат и другите луѓе. Да покажеме колку сме иновативни.
Како очекуваш од мене да те сфатам сеиозно, тебе и твојата намера (читај множина), кога твојот настап беше како да даваш изјава за патронен празник на градинката Мајски цветови.
Ако сакаш да постигнеш ефект, да смениш нешто, да говориш во мое име (исто така читај множина) треба да си подготвен. 
Сериозните работи бараат уште посериозен пристап за оние што те гледаат да те сфатат сериозно.Многу зборови во една реченица кои ја објаснуваат сериозноста, но и работата е сериозна.
Да бидам искрена, да излезеше момчето кое ја смисли идејата, приказната ќе имаше поинаков тек. Барем кај мене.
Иако напоменато е во разговорот дека овој настан нема политичка заднина, и јас верувам и сум 100% сигурна (за раѓањето на идејата,не и организацијата) дека е тоа така, мршојадите кои ги знаеме како новинари, гладни чекаат вакви моменти.
Затоа госпожа Ива многу добро потенцираше во ефтината колумница дека : фор­ми­ра­на е ан­ти­др­жав­на гру­па на со­ци­јал­на­та мре­жа Феј­сбук, со ра­бо­тен нас­лов "Про­ект - Жи­ва ог­ра­да".
Сакале вие или не, веќе ве ставија во кошот на оние кои ја буткаат власта.Не ве претстави како „организација“ која сака да смени неште за подобра иднина на својата генерација.Дека сакате да смените нешто кое не ви се допаѓа и мислите дека е лудост.
Без дозвола да го користи неговото име јавно, ниту пак она што го напишал,  госпожа Ива, му кажува на момчето кое ја даде идејата, дека е осомничен. Наместо да му даде поддршка, таа влева страв (демек ќе ги исплаши) дека од денес ќе треба да се пази.
Го цитира, прави копи- пасте, ама се оградува.
Кога веќе се организира настан од ваков карактер (кој е премногу сериозен) треба да се внимава и да се размисли за секој збор и кажан и напишан. Кога се бара поддршка од голем број луѓе на социјалните мрежи треба да се оправда довербата на тие кои решиле да бидат со вас.
Не е ова играчка, па ајде сега ќе излеземе и ќе им покажеме колку сме ние паметни.
Затоа почнав да си ја терам на мајтап работата со  #ЈаснаТрагачевска.
Ниту ве сфатив сериозно, ни ми изгледаше сериозно.Не ми е до смеење, можеби затоа.
Немам намера да се правдам зашто го направив тоа, ниту да се извинам за напишаното, но погоре си го објаснив однесувањето.

5 comments:

Anonymous said...

Прво не говореше во твое име, беше погрешно преставено од новинарката. Друго, многу е лесно вашето, дома седи, напиши си блог и си завршил работа. Јасна едниствена имаше храброст да излеза да каже нешто, дури и да направи нешто, без разлика чија идеја било. Сите се лупате у гради по тоа блоговите, а кога ќе дојде да се направи нешто „еј иам работа, не знам ова не знам она“ и никој не сака да излезе пред камера. Доаѓа новинарката и вика ајде сега треба одма изјава и нормално сите си одат и ја оставатаат Јасна сама пред камера. Не е дека имаше девојчето време да се спреми нешто, па да го снимааат неколку пати, па после да и го измонтираат у студио. Така многу е полесно, и ја ќе бидам новинар така и ја ќе пишувам блогови, со пиши-бриши фазон. Него да престанете да плукате по се што се прави и вие всушност нешто да пробате да направите, пошто после пак Јасните ќе ви бидат криви за се. Ако сметаш дека идејата е добра, а Јасна лошо ја претставила, излези и ти престави ја идејата. Размисли, може и нешто ќе направиш...

Unknown said...

Премногу си гласен/на и ми раскажуваш како било лесно да си седиш и да си пишуваш блог а си го скрил/а идентитетот.
Јас не се лупам во гради, ама најверојатно ти си направи модрици.
Не е храброста да излезеш само во јавност.Еееее, така знаеш лли колку херои има Македонија.Можат да го освојат светот.
Ако немала време да се подготви нека си седи дома.Ако ја оставиле сама да излезе, тогаш не се сериозни, а од мене бараш да ја поддржам и да ја славам како новиот херој кој ќе ме спаси од луди идеи и проекти.
И кога читаш, читај убаво и внимателно, како она во заградите.
И следниот пат ти стави си го прстот на слепоочницата и подлабоко размисли што сакав да кажам.Јас не сум тука проблемот, туку оние кои ја искористија идејата да ги лечат своите фрустрации....на пр. госпожа Ива

Anonymous said...

Проблемот е што овие иновативните активисти ама баш ништо досега не промениле, нити па ќе го стопираат градењето на оградата. Се’ што прават е баш тоа “колку сме ние интересни и храбри“. Сигурно на денот кога ќе започне градењето никој нема да биде таму и да блокира, а ако се, нема да ја преминат ниту да се обидат да ја преминат линијата поставена од полицајците, оти може да им се расипе фризурата или да добијат некој шамар или казна.

Anonymous said...

Преку таквото од маалски револуционери кои по пижама излегуваат пред зграда за да галамат. Идејата е океј ама неможе некоја неизмиена цурка што се прибрала од кој знае кој шанк да излезе пред камери и да употребува речник на дете од градинка. Па уште и да се буни.
Многу погрешен пристап.

Un said...

Ааааааааа коњиии, аааааа Ж, аааааа Бранкоооо, аааааааааааа Ристо, ааааааааааа Љубчо, ааааааааааа Тито, ааааааааа Омладина Партија - Радна Акција. Хистеришем.

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));