5.10.2012

Колку да се напише!

Периодов немав некоја инспирација од актуелните теми за да пишувам. Повеќе читав и уште помалку коментирав.
Сите некако ми се фатија за истата работа. Сите си ги изнесоа ставовите, анонимци коментираа, па се препукуваа.
Знаете што се се случуваше, да не набројувам.
Од дневно- политички настани, до како да фатиш дечко.
Нема да се занимавам со политиката, ама затоа ќе си го искористам сопствениот простор да им кажам на сите оние млади девојчиња ( се уште не се ни девојки) кога ќе пишуваат за жените и нивните постапки кои тие не можат да ги сфатат, нека напоменат колку години имаат.

Ова е многу важен момент, бидејќи ако си постар од 24 години, овие напишани совети, сугестии и заклучоци не ти вршат работа. Тие се неискористливи за поголемиот дел од женската популација, бидејќи намерата да се направиш попаметен и полиберален во сфаќањата од другите е чиста глупост.
Од објаснување како изгледа првиот состанок и прашања од типот што си во хороскоп, до тоа како девојката ако е подготвена да има сексуални односи, би требало и сама да си купи кондоми.
Овие совети за мојата генерација немаат никаквко значење, и се показател дека се напишани за  читателска публика од 15- 18 години. А за млади момички ја има Фемина, не ни се потребни и постови.
Никој повеќе не поставува прашања за куќата на љубовта и подзнак во кинески хороскоп.
Само тинејџерки читаат списанија во кои има совети за се и сешто, а не се корисни во животот.
Не се разговара само на тема диета и шопинг.
Кога се анализираат врските, не завршуваат со заклучокот: сите мажи се исти.
Немаме список како треба да изгледа партнерот, ниту фотка од некој познат глумец или спортист кој ќе не потсетува што сакаме.
Можеби разликата во години помеѓу мене и тебе ( читај 30 vs 20) сега ти изгледа неважна и мислиш дека секогаш ќе го имаш истиот став, многу грешиш.
Кога ќе стигнеш некаде пред третата деценија од животот, ќе сфатиш кои работи се важни.
Раговорот на првиот состанок ќе биде многу посериозен и длабок.
Со пријателките нема да дебатираш која боја е модерна сезонава, туку ќе размислувате како можете да придонесете за подобро утре.
Нема да ти биде важно кој купил кондоми, ниту одењето по нив во аптека ќе биде доказ дека си пораснала.
Ако не си водела сметка за хигиената на 18, истото ќе го правиш и на 40 години. Не е до годините, до навиките е.
Се додека постои зборот „мување“,  во твојот  речник, како објанување на некој „вид“ врска, не си  доволно созреана за да делиш совети и да набројуваш каде жените грешат.
И остајте луѓето да си постираат што сакаат на ФБ. Нека си имаат албум за секој ден, празник, одмор. Нивен простор. Се додека не го узурпираат вашиот, немате право да им делите совети.
Подобро да и пишат на другарката дека ја сакаат, отколку да мразат.И тоа ли е грев!
п.с. Жанка, те сакам.
 Текстот не е лекториран!
.

1 comment:

White said...

И јас тебе :*

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));