2.11.2012

St. Valentine

Секоја година, некој ден пред 14 февруари паника меѓу девојките, а некогаш и момците.
Католички празник, кој се почесто го практикуваат младите од сите вери.
Интересно, бидејќи и ние во православната вера, имаме таков ден кој е посветен на љубовта, верата и надежта.Можеби приказната не е така романтична како онаа на 
St. Valentine, а сепак ја слави љубовта.



Но Холивуд го стори своето.
Можеби и е симпатично што сите го сакаат овој ден, но  мене, искрено, воопшто не ми значи.Исто како и останатите празници ( како 8 март или Нова година)  кои служат само за трошење пари, а многу ретко за искрено споделување љубов.
Кога сме кај финансиите и подароците, нема медиум кој не се занимава со оваа тема деновиве.
Од совети што треба, а што е навредливо за подарок, до совети како да го искористите денот за да ја побарате девојката за сопруга.(лош режија)
Продавниците преполни со црвени „тракатанци“, распеани срценца со раченца, мечиња кои на стомакот ги имаат зборовите  кои секој ги посакува, секси долен веш, свеќи во форма на љубов и што ли уште не.



Фустани на попуст, разни тоалети, божем младиве тој ден на бал ќе го слават денот.
Секој гледа да заработи, да прослави, да ја докаже својата љубов.
Останатите денови во годината и не се така важни, но кога ќе дојде 14.02., сите се избезумени.
Слободните кукаат како повторно овој ден ќе бидат сами, заљубените „роварат“ низ дуќаните со надеж дека нивниот подарок ќе биде уникатен, а многу мал дел, во кој спаѓам и јас, само ќе си фаќаме „сеир“.
Без разлика кое Ви е мислењето за овој ден, никако не откажувајте  договорен состанок!!!


Има и такви кои сами на себе ќе си пратат некој букет цвеќе, или чоколадни бомбони, само за да не бидат осудувани или да си ја подобрат самодовербата и чуството за себе.
Идеите кои ќе ги прочитате на некои од веб порталите, а се , нормално, само преведени од некој блог кој го пишува тинејџерка од САД, се толку смешни и глупави, па ќе Ви посочам некои, а Вие сами „пресудете“ дали сум во право или не!
  1. Подарете купон за некоја услуга (масажа, патување, курс по странски јазици, тест возење на автомобилот од соништата...).- според финасиската состојба на младите, ретко кој може да си дозволи патување; јас не би сакала купон за да учам, и што е тоа дозвола за автомобил од соништата???
  2. Козметички производи - тешка глупост, девојките сами внимаваат на негата на кожата
  3. ЦД со вашите омилени заеднички песни- и ќе си ги слушаме заедно!
  4. Секси играчки - кога ќе ги подарувате, гледајте да бидете солидно заштитени
  5. Долна облека- ништо осебено, ама пазете се ако го утнете бројот
  6. Букет цвеќ стандарден подарок
  7. Накит- ако не е злато, не е накит (над 15 грама), што значи лош предлог за повеќето
  8.  Романтична вечера за двајца која сте ја подготвиле сами- нема поголема романтика од тоа да мирисате на некоја „прженица“
  9. Љубовни купони-  ветувате дека ќе го исполнувате напишаното кога тој ќе посака!!! Нека избрише прашина и нека ги испегла завесите, секако кога тој ќе сака
  10. Пресоздавање на вашиот прв состанок- интересно ќе биде ако првиот состанок бил тотално промашување
  11. Пица срце- а може и шпагети во истиот облик
  12. Албум на вашата врска- сите имаме фотки, зашто ова би бил посебен подарок
  13.  Професионални секси фотографии- ако се профи, ќе се расправате уште месец дена како сте можеле да се разголите пред некој си фотограф
  14.  Стриптиз само за негови/ нејзини очи- ??? мора да се чека 14.02.
  15.  Компилација од заеднички фотографии во албум, на шолја или во вид на слагалица-се повторуваме
  16.  Љубовно писмо или песна во шише или можеби персонализирана видео порака- и да ги поканите најблиските да присуствуваат на овој романтичен момент, бидејќи мажите не паѓаат на поезија, па да има кој да Ви рече:колку романтично
  17.  Панорамски лет со балон- хахахахахахххааа
  18. Катанец за вечна љубов (Катанец на кој се изгравирани вашите иницијали)- пародија на Робин Худ!!!
Ако се прашувам јас, нема потреба да си го трошите времето, а и парите, штедени од Нова година, па наваму на некоја од горе наведениве „глупости“.
Поминете си го денот како и секој „обичен“ ден.
Најголемиот и највредниот подарок кој некој може да го посака и добие е едно искрено ТЕ САКАМ.
Секој подарок е само бледа замена на овие зборови, или само начин да се избегне изговорот на истите.
Љубовта е едноставна и не бара подароци.
Сака  прегратка, бакнеж за добра ноќ, милување на косата кога не можете да заспиете, утеха кога Ви е тешко, заедничка насмевка кога сте радосни.
Се останато е само „вишок“ кој задоволува на моменти.






p.s. Рамка за слика, со фотка симната од галеријата на Кадевечер, по три состанока не доаѓа во предвид.И ако не ти се допаѓа емоцијата која ќе ја добиеш по отварањето на „подарокот“, не раскинувај во моментот кога некој е среќен затоа што си има нови патичиња.Сребрени.Адидаскииии!!!!

  Вистинска приказна, ние си знаеме чија е !!!
  Тексотот не е лекториран!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));