2.08.2012

Освежи си го паметењето!

Прашање: Дали некој знае да ми каже дали досега се случило Албанец да протестира против изградба на џамија?
Прашање: Дали некогаш Албанците  се побуниле против изградба на џамија за да не се „провоцираат“ Македонците?
Прашање: Дали некогаш Македонец излегол да протестира против изградба на црква?
Прашање: Дали Македонец некогаш кажал дека не сака да се градат цркви за да има „мир“?



Одговор:Јас сеуште не сум слушнала дека постои Албанец кој со транспарент ќе излезе да протестира и да се буни зашто се гради џамија.
Се` уште не сум видела исплашен и загрижен Албанец, кој би се откажал од изградба на религиски храм, само за да има соживот.
Ама затоа ние очите ќе си ги извадиме, со изговор дека се тоа е затоа што не е убаво да градиме цркви, а притоа да не се изгради џамија.
Не можам да ја најдам логиката во ваквото однесување.Не можам да си ставам во глава дека само затоа што некој е член или симпатизер на одредена партија, ќе излезе да протестира против изградба на црква, само затоа што не му се допаѓа партијата која е на власт!
Демек тоа е нивна идеа, па по никоја цена нема да ја поддржиме затоа што не ги сакаме, нели?
Па кој сака нека е, ако се гради црква, јас ќе речам да!
Не можам да им верувам на ушиве кога ги слушам анкетите каде некој ќе си дозволи да каже дека не е убаво да се изгради црква затоа што така ги вознемируваме муслиманите.
Па каде живеам јас?
Нели сме христијанска земја?
Зашто да се плашам да изградам нешто кое е дел од нашата религија? Па нели сите сме горди на Охрид, и секогаш го посочуваме, особено на туристите, затоа што е лулка на религијата. Има толку многу цркви, што можете секој ден во различна црква да палите свеќа.
Дај да се решиме веќе еднаш што сакаме.
Ако не ви се допаѓа политиката, ќе дојдат избори, па изјаснете се, но не мешајте политика со религија.
Јас не сакам повеќе да размислувам на тема религија и црква, на начин кој секогаш ќе има прашање: А што ќе направат Албанците?
Не ми смета ни изградбата на џамии, бидејќи и тие се дел од нивната религија. Ми смета кога се сака со сила да направи нешто.
Каде беа Македонците кога се градеше џамијата во Нерези, помеѓу куќите, и на илегален начин.
Каде беа тогаш, да спречат да се гради објект кој е незаконски?
Си ќутеа сите, освен некулкуте жители, кои цел живот живеат таму.
Каде беше тогаш „Плоштад Слобода“?
Освежете го памтењето, и ќе се сетите дека на тоа место во нацрт планот беше предвиден станбен објект.Нелегалната градба на џамијата се легализира, само за да сме мирни, и нели, да не ги провоцираме другите.
Доста размислуваме на тој начин.Ако има разбирање и соживот, зашто градба на религиски храм е провокација!
Ако нешто е незаконско нека важи за сите.Ама ако некој го добива тоа што сака, тогаш истото ни следува и на нас.
Текстот не е лекториран!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));