2.01.2012

Спомен!



Спомен на минатото, гледиште за вчера.Бубалка, како гостин, со едно искрено парче од својата душа.



***
Ако прашам, повторно и за последен пат : “зошто го направи тоа?” , дали ќе добијам одговор?
Не дека јас сакам да знам, мене веќе не ми е ни битно.
Тоа се прашуваат сите околу мене. Некои гласно, некои потајно, ама сите со една иста цел што ми е и зошто сум луда. Зошто одбивам да бидам фина со фините, а ги бирам сите проблематични.
Сакам да слушнам како ти го кажуваш тоа –  она   кое јас одамна го сфатив:  неможеш да очекуваш  поинакво однесување на некој, кој во состојба на никаков проблем, заебал се и едноставно решил да направи екскурзија од умот. Себично и ефтино. На попуст.
Тоа е одговорот кој прв ми доаѓа на ум.  И безброј пати  сум сакала  да седнам и да раскажам, ама пустото секој пат кога ќе ја отворам устата гласните жици ми се сушат, за сметка на очите кои ми се полнат со солзи и немам веќе сила ниту разум да објаснам зошто сум таква.
Денес пробував да се убедам дека последниве години не се толку големо срање.
Денес пробував да се убедам дека ти не си виновен што јас и веќе незнам како со себе.
Денес пробав и се сетив на денот во кој сум била најсреќна.
Божиќ, 2003та година.

 Надвор има мраз и е ладно, но од некаде почнуваат да излегуваат зраци, баш како за божеството, според името на денот. Незнам што е реалност, затоа што денес се е така споро, нежно, мирно и тивко.  Имам фотографи од тој ден, им се радувам потајно во мигови како овој денес. Среќа што постојат фотографии, па да можат бедните души како мене да си приспомнуваат за такви денови.
Толку!
Бубалка

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));