1.29.2012

Вашите зборови или спортските успеси?

Зборовите се ветар, магла која ја снемува, дожд кој испарува.Остануваат само делата.
Само вака можам да си ги објаснам сите оние текстови кои се појавија и објавија низ нашите медиуми.
Само така можам да се утешам себе си, да пробам да заборавам дека постојат луѓе кои не ценат ништо, не вреднуваат и само плукаат.
Ова е едиствениот начин кој ми ја олеснува болката кога од нешто благородно, убаво, радосно, сплотено и еднинствено се прави искривена слика, се „дебатира“ за исправност, за право на слободно изразување.
Некој упорно се обидува да завладее со нашите умови, кои овие денови беа маѓепсани од спортот.
Секогаш се појавуваат истите црви кои грицкајќи го дрвото во нашиот дом, нервираат со звуците кои ги испуштаат.

Иако се појавуваат дупчиња, не ги руши гредите кои ја држат куќата исправена.
Така и овие.Колку и да се обидуваат, прават штета, која лесно може да се санира.
Ќе испрскате со спреј, ќе ставите креда која ќе ги избрка, ќе посипете некоја течност против термити и ќе ги снема.
Темелите, стабилноста никогаш нема да ја разнишаат.Толку се слаби и мали, та ништо не ни можат.
Она што го направија кошаркарите, а сега и ракометната репрезентација е многу повеќе од 4 и 5то место.
Секој свесен, нормален граѓанин на оваа земја, тоа го сфаќа и разбира.
Зар не е убаво чуството кога ќе ги прочитате насловите и текстовите кои ја раскажуваат играта на  нашиот тим?Па има ли некој кој останува рамнодушен на зборовите кои ја отсликуваат енергијата на навивачите?
Македонска фаланга, зашто да не?
Ако така ме препознаваат, нека.Ако со тоа ќе бидам впечатлива, може.
Тоа е толку симпатично, да Вие си мислите дека јас се чуствувам како внука на Александар Македноски!
Па немојте, Ве молам.
Има толку многу проблеми во оваа наша држава, а Вие упорно сте се фатиле за навивачките песни.
Како Македонци, се оградувате од извиците кои можеа да се слушнат на трибините.Ве болело зашто навивачите извикувале Клети Шиптари.
И мене ми сметаат таквите изјави, но не ме болат.
Знаете зашто?
Ако оние борци за слобода кои сакаа преку крв и борба да дојдат до своите права, законот ги амнестира, мојата совест не дозволува таков луксуз.
Тој закон владее можеби во парламентот, но не и кај родителите кои ги изгубија своите деца.
Не можете така лесно да осудувате, кога знаете која е болката.
Јас можам да живеам во мултиетничка Македонија, да ги прифатам различните од мене по религија, етнос и култура, но неможам да заборавам што доживеавме.Ниту можат повеќето.
Јас знам  и сигурна сум дека повеќе сакате да го видите народот, кој излезе да ги пречека спортисите, како протестира и се бунтува.Повеќе сакате да се мразиме, отколку да сакаме.
Енергијата која ја имаме наместо да излезе во позитивен облак, кој шири радост,повеќе сакате  да биде исфрлена како атомска бомба која ќе сотре се она што вие мразите.Но тоа е премногу.
Во еуфорија, во време кога сите размислуваат за победи и порази, за добра игра или лоша тактика Вие најдовте да дебатирате колку се навивачките песни националистички.
Премногу радост за 5 место?
Кажав и пак исото го мислам.Нашаиот успех е во тоа што никој не не надигра.Успех е што 10 000 Македонци ја следеа својата репрезентација.Успех е што весниците беа преполни со фотографии и наслови кои ја величеа нашата игра и целиот тим.Успех е што цела Европа на секој натпревар го виде нашето знаме и ја слушна химната.Успех е што Градскиот плоштад беше преполн со луѓе кои ги извикуваа имињата на оние кои ни овозможија да бидеме горди.
Најголем успех е што повторно се почуствуваме сплотени и еднствени.
Секогаш постојат луѓе кои неможат да постигнат никаков успех, незнаат како да остварат лична сатисфакција, да се издвојат од толпата по нешто единствено, генијално, умно, па решиле дека можат да одат само контра.Без размислување, и подлабоко анализирање сакаат  со своите налудничави ставови, да бидат генијалци помеѓу масата, и се декларираат како „несфатените“.Овие „големи умови“ сакајќи да бидат што поинтересни,своите трули мисли,искомбинирани со зборови кои ниту најголемите 
душмани не би ги употребиле, мислат преку своите „ефтини приказни“, интимни 
колумнички извршиле „поход“ над мнозинството.
Затоа се тешам дека зборовите се само мастило на лист хартија.Делата се оние кои ќе останат запаметени.
Празни зборови или успеси?






No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));