1.16.2012

„Еден од подобрите вокали во Македонија“

Каква смешка :):):)
За да си го потврдам она кое веќе го знаев морав малку да истражам.Цели 7 минути.
Прво профилот:

Цело име : Роберт Вукелиќ 
Локација: Скопје, Македонија 
Висина: 185cm 
Возраст: 22 години
Тип на музика : Поп 
Боја на очиr: Зелена 
Боја на коса : Црна 
Должина на коса : Кратка 
Карактер: Ентузијаст 
Тип на глас : Тенор 
Јазици: Македонски, англиски, српски

Ако не им верувате на окалките кога ги гледате фотките, тогаш ќе си го прочитате ова погоре, за да се уверите.Најлогичeн одговор, зашто некој би ја пишал бојата на очите и должината на косата во својот профил?!?!?
Можел да погледне за пример некој од веб сајтовите на нашите вистински пејачи.
Бидејќи веќе го ставив во лажните, неталентираните, нехаризматични и нешармантни пејачи, ќе пишам и зашто.
Покрај неговиот тенор, кој е неподнослив за моите осетливи уши, неговата биографија е многу  жалосна и бедна.
Шест песни се нарекуваат :Во својата кратка и плодна кариера.
Кратка, можеби, но плодна, никако!
Тоа е најверојатно поради фактот што „кариерата“ ја започнува со :претходно веќе некое музичко искуство.
Ве советувам, да го намалите тонот.
Покрај официјалниот веб, Роби има и околу 15 ФБ профили, на кој самиот тој е администратор и секако сам на себе си заблагодарува за прекрасната идеја која фановите ја направиле за него.

Оф, каков блам!
И додека јас си пишувам на Канал 5 оди Екстра Ексклузив, а во него една од трите потресни вести е женидбата на Роби.
Секако, ироничен прилог, во кој најмногу се жалат младите моми кои сега го изгубија својот секси ерген.
Му ја признавам само упорноста да собере што повеќе фанови и да стане пејач.

Во првото може ќе успее, но ова другово тешко.Освен ако не постои операција за пресадување за гласни жици.Тогаш и јас ќе се оперирам1
Текстот не е лекториран!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));