1.13.2012

50:50

http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&id=29024
Го видовте видеото?
Претпоставувам првата мисла Ви беше: Каков глупак? Што ќе ти е таква кучка, која се ложи само на пари?
И ова се ставовите на повеќето кои го гледаа видеото.
Но јас мислам поинаку, не затоа што сум женско и сега ќе ја фатам нашата страна и ќе го бранам својот пол, туку затоа што истот го прават и оние од т.н. посилен пол (се уште не ми е јасно зашто посилни).
Нема да кажам дека приказната во видеото е чиста глупост, бидејќи е вистина и е дел од денешната реалност.
Но не е се така едноставно, како што некои сакаат  да биде.
Не може да се каже дека само жените, односно девојките се тие кои трчаат по,морам да ја цитирам Андријанчето, Кеш, кеш - доларчиња или евро!


Можам слободно да кажам дека ни посилните не се поарни.
Мојата поделба за ваквите луѓе не е‘ :дел од жените се спонзоруши, а другите се нормални (бидејќи овие првиве секогаш ги ставаме во ненормални).
Мојата поделба е на луѓе кои се заљубуваат и сакаат личност, карактер, а оние  другите сакаат дебело конто, скапи коли, префинети ресторани (ако постојат кај нас такви), накит, брендирани часовници и сите тие тракатанци кои доаѓаат со богатството, кое не е важно како е спечалено.

За да си ја го потврдам ставот!
Јас се уште не сум слушнала приказна во која некоја згоден фраер, со добра работа, успешна кариера во сопствената фирма, кој вози најнов модел на BMW се заљубил во девојка која работи во МекДоналдс, во Рамстор,на пример!
Некој пишал,само Саваш.Најверојатно е тој и единствениот!!!
Се почесто слушам муабети од типот : Знаеш чија ќерка е????
Многу полесно е да се каже дека жените се оние кои имаат цена, а мажот бара карактер,  интелигенција, жена домаќинка која ќе му витка сарми за нова година.
Како да не!
Истите трагачи по богатство ги има во двата пола.

Неоспорната вистина не бара никакви украси, таа е - едноставна.
Горки
Заклучок:
Вистинската љубов е едноставна.

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));