1.08.2012

Една приказна!!!



Летот на првата ракета во небесниот простор.Само еден астронаут.Тој и инструментите.Дека е возбуден и радосен, нема потреба да се каже, бидејќи неговото име ќе биде впишано во историјата како првиот човек кој ја видел облината на Земјата.Планетата од која доаѓа, а за прв пат ја гледа цела.Волшебна топка, која до тој момент е само замислувана, но поинаку.Сега ја има вистинската слика.


Но, неговата возбуда ја прекинува еден звук, кој се повторува во интервали.
Тк!
Тк!
Истиот звук, во ист тоналитет, со иста брзина.
Тк!
Тк!
Неговиот слух го води кај инструментите.
Ги расклопува, обидувајќи се да дојде до она  што го призведува звукот.Но, неможе.Поминуваат неколку часа, а тој сеуште се мачи да го спречи тоа непријатно тропање.
Тк!
Тк!
Тк!
Толку убава глетка, несекојдневен немир во стомакот, но проклетиот звук ја расипува целата атмосфера.Наместо насмевка, гримаса од главоболка.
Тк!
Тк!
Тк!
 Добро размисли!
Ако дозволи звукот да го надвладее, ќе побудали.Сам, во вселената.Неможе да се врати.Сега!
Она што мора да го направи е да се вљуби во звукот.
Тк!
Тк!
Тк!
Ги затвори очите.Неговите мисли го вратија назад на Земјата.Убави моменти.Музика.Некое толпло чуство, задоволство.

И престана.Звукот го снема.

*****************
Дали сме создадени да се помириме со она што ни пречи.Дали желбата да се живее мирно и во хармонија не тера да го заборавиме звукот.Да не го слушаме?Да замижиме и да го снема!!!
Зашто ја предаваме борбата?
Каде е силата?
Не сакам да замижам, да бидам глува и да го снема мојот глас!
Не се предавам.
Ќе го пронајдам она што го ми предизвикува болка и ќе го победам!
Никогаш нема да се соединам со тој звук.Нема да му дозволам на мојот ум да помисли дека е тоа музика!!!


No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));