12.14.2011

Нова година без алкохол!?!?!?!?

Знам, ме понесе предновогодишната атмосфера порано...Си ја накитив елката,ги закачив сијаличките,исчистив...Нели,како што е редот.Па сега имам време да се занимавам со она што мислам дека не треба да се прави кога се во прашање празниците од типот на Нова година и Божиќ.
Нова година е празник кој масовно се прославува, па освен пиротехниката има уште една работа која не ја поднесувам, а тоа е алкохолот во количини кои се убиствени.
Не дека не смее да се пие, но барем да се има мерка.
Ми текнува пред две години слушнав еден разговор кој ме остави со прашалници во глава.Бидејќи не сум мајка не сакав да се мешам и да солам памет, за да не добијам одговор од каде знаеш па ти кога немаш деца, на полуписмени родители, па си преќутев.
Фала богу оваа година не дојде пијан.А малиот седмо одделение.
Па зар треба да се дозволи дете од 12 години да пие алкохол???
И ако не сте успеале тоа да го спречите кога е мал и треба да има некакова почит и страв од последиците, што правиме кога ќе наполни 18 и законот му дозволува сам да одлучува за себе.
Примери колку сакаш.Модерни родители, невоспитани деца.
Имам 28 години и сеуште не сум се опила за Нова година.
Не викам дека не сум се напила, но тоа се случило 2 пати и последиците ме научија-повеќе не.
Ај што ќе те боли глава цел ден, ама и нема да излезеш од дома еден месец.
И наместо да шеташ во петок и сабота со друштво, ќе чекаш да се јават и да ти кажат како поминале и дали ти ја  виделе симпатијата во диско.
И тоа ,ми се има случено кога бев тинејџер и никогаш повеќе.
(Не)Дозволени се такви грешки, бидејќи колку и да викаат постарите учи од туѓите, тешко е ако не почуствуваш на своја кожа.

Но внимавајте. Иако немам деца, сум поминала низ сите тие млади години кога се ти е интересно, па макар и заканите од типот нема излагање, нема нови патики, остави го мобилниот дома и заборави на компјутерот, се остваруваат секој втор месец.
Туку, не можам многу да се правам паметна околу воспитувањето на децата околу оваа проблематика , па ќе си се вратам на  алкохолот за Нова година , бидејќи се конзумира од се живо, малолетно и старо.
Ако ја видите статистиката ќе се онесвестите.
Само минатата година е нешто поприфатлива кога се зборува за бројките, но секако и тоа е страшно. Секоја има година, се помали  и помали  пациентии, кои се примаат на Клиниката за токсикологија.
Ај  што ќе се потрујат од алкохол, но такви седнуваат и зад воланот.
Па, некој внимавал и цела вечер цуцал една чаша вино или пиво, и на крај ќе заврши во Градска, затоа што некој се ``расположил``.

Секоја година, после прославата на првите вести ццкаме баш поради бројките кои ги слушаме. Дали се за малолетници кои завршиле на Клиника и не се сеќаваат како се викаат и каде биле, или пак колку лица со повреди се примени во Градска.
Но тоа не се само бројки.Сите тие се нечии деца, пријатели, роднини, колеги.
Најмалку што сакам е да завршам како статистичка бројка за Нова година.
Минатата година имаше едукативни  предавања за штетното влијание на алкохолот, особено  врз младите.
Се надевам тоа е повторено и оваа година, па вестите на први нема да предизвикаат повторен шок.
Колку за пример,најмладиот алкохолизиран имал само 14, а најстариот пациент 83.
Ама си сакале да се добро расположени.
Џабе е да се пишува дека за да си расположен не е потребен алкохол, туку луѓе.
Никој нема да те послуша.Од каде па јас знам???Нели не пијам:)))))
Но ме фаќа страв од возење баш тие денови.Не само новогодишната вечер, ова се случува и неколку дена пред и по неа. Стандардно секоја година.
Она што ќе ви го препорачаат докторите и ќе ве предупредат е дека и мало количество алкохол може да предизвика сериозни здраствени проблеми.

Ако возрасните,барем повеќето( се надевам,не тврдам) знаат да пијат и колку можат да поднесат, младите тоа го гледаат како предизвик. Ем пијат ,ем незнаат што пијат, па за да излезат најхрабри и најкул меѓу друштвото ќе измешаат се што ќе се најде.
И кога се ќе заврши, оние помалку пијаните или пак трезните, наместо да го однесат дома и да ги повикаат родителите на искусниот пијач, ќе го кријат и ќе го остават да преспие кај нив, не размислувајќи дека така прават полошо. За да не добие ќотек или казна од родителите, може да заврши фатално.
Примери има многу, а последици уште повеќе.
И да не се занесам, како што знам, ќе ви препорачам наместо на први јануари  да пиете расолница, обидете се новогодишната вечер да ја поминете со многу малку алкохол.Чаша до две:)))))))))))

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));