12.22.2011

Од се по малку

Неодамна прочитав една статија на поприлично популарен и читан веб портал, кој според моето мислење и ставови нема врска со реалноста.
Текстот е нешто како упатство за користење на македонските мажи, од женска гледна точка, бидејќи Македонецот е многу комплициран и уникатен. 
И мислев ќе прочитам  нешто  што навистина ќе може да се искористи како искуство, но освен личниот живот на девојката во кој објаснува како многу прошетала и се запознала со многу луѓе, немаше ништо паметно.
Џабе некој рекол дека човекот учи додека е жив, осебено кога се во прашање луѓето, нивниот карактер, личноста и навиките.
натите.
Но нема да се занимаваме со младата девојка која го напишала текстот, туку со она што е напишано.
Во Македонија не се флертува.А според напишаното флертот води кон страсен бакнеж, секс за една вечер или врска, сè зависи од начинот на кој флертувате.
Ако прочитате во речник објаснување за овој збор,тогаш ќе сфатите дека неговот значење е сосема друго.



Не постои човек кој не флертува.Свесно или несвесно сите ние го користиме флертот, кој ако се искористи како што треба нуди многу повеќе отколку секс за една вечер.



Behave as though attracted to or trying to attract someone, but for amusement rather than with serious intentions



Флеротт е однесување кое се користи за да се добие или привлече нечие внимание, и е повеќе за забава отколку што има некои сериозни намери.
Ако ова се сфати онака како што е опишано тогаш во право сум дека сите ние флертуваме, без разлика дали сме стари или млади, сами или имаме партнер.
Се флертува во продавница, се флертува во диско,некој клуб, се флертува секогаш и секаде.Се флертува и на интернет, особено со појавата на социјалните мрежи.
Зар не Ви се случило да флертувате со шанкерот во преполна дискотека само за да добиете чаша вода!?!?!
Или во продавница за да успеете некако да добиете одговор за парче гардероба кое Ви се допаѓа.
Флертот не  е теорија, неможе да се објасни секогаш.Тое е нормално меѓуполово однесување, позитивно дружење, понекогаш и без зборови.
Тој е поглед, насмевка, допир, гестикулација, различен тон на гласот, манир.....




Флерот може да заврши онака како што и започнал.Само со поглед.
Но може да биде и почеток на некое пријателство или врска.Може, но не и отпочува.
Заведувањето е она кое води кон бакнежи,страст и нешто друго.
А она дека мажите,односно момците во Македонија не флертуваат и не комуницираат со спротивниот пол, е малку прегрубо кажано и генерализирано.
Мојата другарка ме праша што има лошо во тоа што е напишанао така, кога реалноста е скоро еднаква.Каде да запознаеш фино момче,ги нема?!?!?!
Мојот одговор е дека може да се каже дека нема фини места за излегување, па затоа ги нема ни фините момци, па и девојки.
Сликата за забавниот, ноќен  живот е прилично сиромашна кога се работи за изборот.
Или  има дискотеки кои во главната програма ги имaт впишано најпознатите турбо-фолк ѕвезди од северот или пак некои ДЈ кои пуштаат една иста музика во последните 10-15 години.
Ретко може да се најде културно место каде нема да ве буткаат, газат и тегнат.Место каде музиката е со ритам на кој навистина може да играте наместо да се клатите или  цела вечер да Ви бидат рацете во став: ја обожавам песнава,ме гаѓа во срце.....
Клуб каде ќе седнете или ќе застанете на шанк, без да Ви се залепи некоја запотена мишка, од синтетичката кошула која е хит модел за сезоната.
Е тука не постои флерт и ќе се согласам со младата дама, но го нема затоа што нема како.Не се гледате, во гужва сте, рацете ви се зафатени за да не Ве буткаат.Наместо да се смеете, се мрштите и се прашувате што правите.Само колку да се излезе и да не се биде дома???
Па и за флертот е потребна некаква атмосфера.
А ако отидете на место каде светло може да се начека само од бандерата надвор?Нити ќе видите некого, нити ќе бидете видени.Со кога да флертувате, кого да запознаете?
Може по грешка цела вечер да се смеете и да праќате погледи на закачалката бидејќи во темница може да заличи на нечија силуета.
Неможе да се каже дека момците во Македонија се ќутуци кои незнаат да пријдат на некоја девојка, не флертуваат и  не комуницираат.
Но може да се каже дека имаме ист проблем и во двата пола.
Имате девојки кои повеќе време ќе изгубат во подготовка, отколку што ќе му посветат на некој внимание.
Обично девојките се тие кои ќе ве игнорираат пред да им се се доближите или пак да започнете разговор.
Монтирани, нашминкани, во кратки сукњи и фустани, со штикли купени во кинеска продавница, цела вечер офкаат и пуфкаат бидејќи ги стегаат и едвај стојат, шират радиација и може и да Ви засветат во зелена нијанса, ама не разговараат со Вас ако не сте минимум некој менаџер.А ако е Ваша дискотеката или сте газда на кафулето,е тогаш го имате загарантирано вниманието кое го сакате.
А момците...Мора да е згодна, убава, ќерка на позната фаца, без разлика дали е политичар или некој бизнисмен.
Ова се однесува на т.н. крем или шема во градот.
Сите се шема, одат на шема места, носат шема гардероба.
Секое излегување си поминуваат јако, најако.
Затоа, проблем се нормалните места за нормалните луѓе.
Оние кои не сакаат турбо-фолк,клаберски ритам и шема дискотеки, немаат избор.
Или дома или приклучи се кон останатите.
Се на се, неможе да се обвини само посилниот пол.
Сите ние имаме посебна слика за тоа што сакаме и што ни е потребно.
Не сакаат сите манекенки, и не се сите девојки со Вас само затоа што имате добра кола и сопствен бизнис.

Почнав со флертот и го изнесов своето мислење за ноќниот живот и зашто е тешко да запознаеш некој кој ќе Ве привлече, и со изгледот но и со паметот.
Се е поврзано.

И за да не биде без заклучок: флертувајте затоа што тоа ја зголемува самодовербата.
И не мешајте  флерт со заведување.
Флертот е безопасен, ако знаете како да го користите.


2 comments:

Alek Novy said...

>>Флертот е безопасен, ако знаете
>>како да го користите.

Да, ако си женско.

Ако си машко, флертот може да донесе до понижување, вреѓање, да бидеш претепан или прогласен манијак.

Преголем е бројот на девојки во градов кои си пунат его со тоа што ќе понижат маж што само рекол здраво или навлегол во безопасен флерт.

Тоа е главната причина што се помалку и помалку мажи флертаат, но жените упорно само мрчат и нејќат да прифатат одговорност, све мажите биле ќутуци, вакви онакви, а тие не сфаќаат дека за танго е потребно двајца.

Unknown said...

Никој нема да биде понижен ако тоа не го дозволи.Се зависи од нас самите.А дека постојат луѓе кои незнаат како да реагираат кога им се дава комплимент или кога некој се обидува да флертува со нив, постојат.Но тоа е затоа што се самобендисани, арогантни, и на кратко кажано, невоспитани и вулгарни.
Бидејќи пишуваш за мажите, односно момците претпоставувам дека си момче.Но верувај дека не е случајот со девојките поинаков.Не налетуваат и тие секогаш на расположени ликови.
Поздрав

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));