5.11.2013

Народот го краси градот,народот го прави грд! Не е до спомениците, до нас е!

Не се спомениците тие што го нагрдуваат градот, туку кафеаните со српски турбо фолк и тераси до коритото на Вардар и сите тие што ги оставаат парите таму!
Не се кич Александар и Самоил, туку ѓубрето што го оставаме ние зад нас!
Не се поголем проблем исечените дрва од автомобилите кои ги паркираат пред терасите на кафичите!
Не ми сметаат ниту двокатните автобуси- ме нервира гласната музика која во натпревар да се слушне надалеку, Скопје го направи да личи на панаѓур.



Летечки, светкави, пластични, радиоактивни зезалици летаат низ воздухот додека некој се обидува да ве привлече да ги купите. Гледајќи ја фонатана може само да ве ѕвекне во око.
Плукајќи по Портата, не го приметуваме она што се случува до неа? Малолетници со тазе избричен мустаќ и разголени нозе опнати на високи штикли, налик на оние кои ги носат транвеститите, се клатат на музика од Плави оркестар!
Се буните за кичот на Скопје, а ги пуштате децата да ви шетаат украсени како новогодишен лампион! Светат, но не од убавина, туку од ефтините шљокици кои сте им ги купиле. Им светат очите, ама не од искреност, туку од алкохолот.
Оние бизнисмени, на кои ѕвездата им светнала преку ноќ, па утредента се разбудиле со кола вредна колку мојот стан, немаат за паркинг, па ја паркираат во трета лента на Партизанска! 
Па за да можам да се движам, морам да ги извадам скиите од подрум, затоа што одењето по булеварот мора да е во дисциплина слалом.
Па таман си поминал без да те собере некој полу-пијан мочко што сака да ја брчи колата поминувајќи на црвено, стигнуваш до терасите на кафичите кои се распослани до каде има слободно камче. 
Некој јаде, ти му се буташ позади грб, мавајќи го во лакт, па му лета месото, само за да поминеш.
Убави се новите згради од другата страна на Вардар, ама не можеш да ги видиш ако седнеш на Кеј бидејќи и таму се паркирани колите на идиоти, слични како оние на Партизанска. И тие немаат за паркинг!
Наместо некоја тивка староградска музика, која ќе ти причинува задоволство додека вечераш со пријателите и можеш да се слушнеш со тој што седи отспротива, трешти некоја третокласна турбо-фолк музика од соседството. 
Нема обележана тераса, затоа што токму тој локал вчера беше најпосетен. Така младите  денес ја сакаат државата! Со рацете во вис ги луфтираат испотените пазуви, истовремено давајќи знак дека тоа е песната која им значи! На бугарски секако има многу поголемо значење целиот тој симбол, отколку на српски јазик.
И затоа се прашувам: дали вреди да се плука по Скопје 2014, бидејќи и онака тие споменици нема да бидат тргнати, врбите нема да бидат отстранети, ниту рингишпилот ќе биде фрлен во отпад. 
Ама ѓубрето, гласната музика, колите по улица и тротоар, можат да бидат собрани, отстранети, намалени, казнети!
Илинденска не може да се скрати и да се вратат дрвата, макар што посадија нови.
Иво Лола Рибар не може да биде стеснета и да се раскопа паркот за да биде грд како што долго време беше. 
Музеите и зградите преку Вардар не можат да се срушат, колку и да ви сметаат.
Ама може да се пуштат инспекции да ги измерат терасите, да ја измерат гласноста на музиката. Пајак службите доста одат на две улици во градов. 
Полиција нека се шета по Кеј и нека пишува казни на сите таму паркирани.
Чувари во градскиот парк да шетаат, бидејќи не се проблем милениците, туку веспите чија сезона само што започна. 
Нека си водат сметка за сите тие чешми кои ги направиле, и ги оставиле да бидат шкртани со спреј, затнати со ќеси од смоки и дозволите да бидат украдени навртките за затварање на водата.
Во некои градови луѓе немаат вода во домовите, ние тука оставаме да тече како да е ѓубре!
Подеднакво го обвинувам градот, општината, но и сите оние кои мислат дека плаќаат за да уништуваат!





1 comment:

Publishermkd said...

Не можеш повеќе да си во право. Одлично

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));