1.31.2012

Македонски лек за дискус хернија-шалтер!

Добро е кога си седиш, на т.н. неофицијален состанок, со  кафе и чај,во некое скопско кафуле  и си разговараш за неврзани теми, од здравство до телевизија, или попрацизно АБ канал, и одеднаш ќе ти текне нешто што одамна го знаеш.
Така денес, додека си разменувавме интелектуални идеи и ставови, со ...па и не морам да Ви кажам, ми светна дека кога одам во амбуланта или болница, секогаш ја забележувам истата работа што страшно ме нервира.


Нема сега да го оправам здравството, плаќаме некој друг за таа работа, па тој нека му ја мисли.Нема да пишувам ниту за чекањето, иако сте си закажале месец до два порано, или за ароганцијата и самобендисаноста на докторите, кои мислат дека се богови, и шетаат со рацете зад грб ( појава која сеуште не можам да си ја објаснам, но друг пат ќе разглабам на таа тема), кои ја кажале  Хипократовата заклетва,но се чини дека со годините ја заборавиле.Нема да ги анализирам ниту ходниците, собите или лабораториите, кои изгледаат како сцена од некој хорор филм од 70те.
Она што ми боде очи се шалтерите.Тие мали процепчиња кои не делат од „Возвишените“.Тоа се неколку сантиметри празен, воздушен простор помеѓу здравствениот работник и пациентот.

Ај што се мали, туку  кога комуницирате треба да се раздерете, за да се разберете, а со тоа и пола чекална ќе слушне  зашто сте дошле.Не дај Боже да сте на инфективно, или пак чекате за гинеколошки преглед. Пола Скопје, а и дел од Македонија ќе разбере дека сте дошле да направите ПАП- тест или тест за бременост.
Поголема грижа ми задава тоа што се на метро од подот, а пола метро од мојата висина.
По кратака анализа, сфатив дека тоа е така за да можеме да им се „поклониме“. Да не бидам вулгарна, а ќе бидам, и ќе речам да се „натртиме“.
Тука, она што го мислев, е вистина.Тие навистина не сметаат за „мали“, па шалтерите, направени во минатиот век, или поточно во времето кога владеел комунизмот, се намерно така поставени.Да се знае кој е горе, а кој припаѓа доле.
Најголем проблем имаат оние кои се премногу високи, па ќе треба да се свиткаат во поза „палачинка“ за да можат да ја остават книшката и да кажат каде тргнале да одат, и оние кои се искривени па дошле да закажат терапија или преглед, за да можат да се подисправат.Ако успеат да се наведнат, па да се исправат можат одма, дома да си одат.Преглед не им треба, доволно е што направиле „невозможна мисија“ пред шалтерот.
Уште на едно место имате ваква вежба „натрти се„, па исправи се.Во Комерцијална Банка.Ај што сите ќе ја дознаат вашата банковна состојба, бидејќи пак се дерете да се разберете со таа/тој од другата страна, па таа се дере за да можете да ја слушнете, туку и после тоа ќе треба повторно да одите на оние првите шалтери за да ве „доисправат“.

Разбирам дека е се тоа за безбедност и сигурност на вработените и парите, ама во светот има примери,па нека  видат како тоа да го изведат, без да предизвикаат Prolapsus nuclei pulposi, или народно кажано дискус хернија.
Па затоа имам една препорака до ваквиот вид на услуга:Доста не „тртите“!
Неприфатливи се сите тие медицински апарати и нови бесплатни услуги, ако додека дојдам до нив треба да се „натртам“ минимум 10 пати.
Текстот не  е лекториран!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));