1.30.2012

Не!


     Сите земји ,како и луѓето имаат свој пол,а нашата е од изразито женски род.Токму силната женска природа е заслужна за нашата плодност. Дајте и само семе и поттик и таа, со мајчинска грижа и со пожртвуваност, на начин што и е својствен само нејзе, ќе одгледува и негува восхитувачки плодови.Секое семе знае кога дошол мигот да из`рти.
Македонија го пушти својот прв корен, и оваа година, со епохален исчекор, прославивме 20 години независност.
Со херојски од,  многу препреки, неизвесност, нови закони, устав,  мултиетничка и мултикултурна, Македонија, се` уште расте.
Првата декада од независноста заврши со внатрешен конфликт, кој на крај беше прифатен како борба за човековите права.


Следуваше охридското примирје со нов уставен концепт на мултиетничко општество.
Препреки кои ниту еднаш не го скршија силниот и горд македонски р`бет.
Денес се соочуваме со друг проблем, кој навидум е едноставен.
Веќе петта година Македонија  има кандидатски статус во ЕУ  и е во предворјето  на НАТО.
 Континуираната блокада на Грција е единствената препрека која не ни овозможува да чекориме во ист од со останатите членки, иако тоа го можеме.
Македонија докажа дека може да ги воведе сите реформи кои и беа дадени како дел од евро-интегративни процеси.
Успешноста може да се докаже од позитивните извештаи од Европската комисија  за напредокот на Македонија во повеќе области.
Единственот проблем кога во прашање е нашиот влез во европското друштво е името „Република Македонија“, кое според тврдењето на Грција  го нарушува нивното историско и културно право на името, кое го носи и  провинцијата во северниот дел на нивната држава.
Како замена, Грција и Обединетите Нации, продолжија да ја именуваат Македонија со „Поранешна Југословенска Република Македонија“ . 
Но долгогодишното користење на оваа кратенка е само лоша услуга на македонскиот народ и спомен од (не)водењето на политиката и политичкиот дијалог во минатото.
Премногу долго име за мала, по територија, држава како што е Македонија.
Спорот со името успеа да го загрози влегувањето на Македонија во Европската Унија и НАТО, во кои Грција е членка.
Но и покрај блокадата, Македонија сеуште вредно работи за постигнување на својата цел.
Влез во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена и под секакви услови.
Според анкетите, повеќето граѓани се за, но исто така негативно одговориле на прашањето дали би го подржале влезот ако услов е промената на името.
Мојот став  може да се вброи во статистичката бројка која сака влез, но без промена на името.
Ова е Република Македонија, земја во која живеат Македонци и  се говори на македонски јазик.
Сакам да се реши спорот со името, да престанат блокадите, Македонија да просперира на европскиот пазар без никакви препреки.
Сакам почит, но не и притисоци.
Гордо и со крената глава да можам да кажам дека сум од земјата која долги години и векови го носи името Македонија.
Име кое носи своја историја, поврзано за многу битки и борби.Име кое се раскажува во многу приказни и легенди.
Македонија, можеби мало и хаотично место на планетата Земја, но таа е моја,наша и е вистинска.
Мое морално право како Македонка е да ја спречам промената, во име на моите предци кои се бореле и граделе за мојата иднина.
Уставното право како граѓанин на оваа земја ќе го искористам да ја спречам истата промена.
А љубовта и емоциите кои ме поврзуваат со неа, нема да ми дозволи да поддржам промена на името Македонија.
Фактите и доказите се на наша страна, а јас верувам во оние кои велат дека ќе успееме без да дозволиме притисоците да не совладаат.

Ниту еден компромис не би требало да се дозволи, бидејќи така само едната страна ќе профитира,а ние ќе изгубиме.
Не би требало да ни се одземе нешто што е наше. Во наметнатиот спор, Грција нема што да загуби. Ние можеме – сé.
Името се дава поради другите. Ако немате име – другите не знаат кои сте. Нашето име  е точно за нив. Ние знаеме кои сме и што сме.
Во правото, личните имиња служат за идентификување физички лица.Ова правило важи и за најголемиот дел од народите во светот: тие се препознаваат според имињата на нивните држави. 
Ако го смениме името, ќе ја загубиме нашата препознатливост, ќе го избришеме нашето минато, ќе не снема од листата на меѓународно прифатени народи.
Големата победа на „малиот народ“ во Хаг е доказ дека сме на прав пат.Иако некои велат дека е тоа само морална победа, сепак правото е на наша страна.
Судот го прифати аргументот на Република Македонија дека Грција го прекршила членот 11, став 1 од Времената спогодба од 1995 година кога приговорила на зачленувањето на Република Македонија во НАТО во април 2008 година.
Оваа историска пресуда од  значи дека Грција не може законски да се спротивстави на членството на Република Македонија во НАТО. Покрај тоа, со пресудата на Судот се расчистува голема пречка за идните преговори на Република Македонија за членство во ЕУ.
Уште еден доказ дека Македонија може, но е спречена.Со овој случај ги одбранивме  нашите права од Времената спогодба и добивме правен доказ кој се надевам ќе ја спречи Грција да постапи на ист начин во контекст на ЕУ.
На прашањето : Дали Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО со услов да го смени уставното име?, мојот одговор е не.

Зашто?
Бидејќи ќе ја изгубиме единственоста, величественоста и лексиколошки уникатна и вечна Македонија.

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));