6.08.2012

Жена

Не и`гради споменик. Не сака  големи мермерни блокови. Не и` се потребни ладни камени склуптури кои ќе ја одбележат нејзината храброст.
Напиши и` поема, неповторливи и силни зборови. Поезија која ќе ја слави нејзината душа.
Расказ во кој е  главен јунак.
Не сака таа, нејзиното име да го носи старата тврдина.
Само помисли на неа и ќе биде вечно благодарна.
Нема потреба од големи, цветни градини насеани  за нејзината упорност. Само, секогаш кога ќе го полеваш розевиот гербер спомни и` го името.
Не и` ветувај ѕвезди и небесна прошетка, само фати и` ја дланката и нежно стисни ја. И тоа е доволно.
Наместо шамивче, насмевни и` се. Блесокот ќе ја впие и последната солза.
Азно, злато, непроценливи каменчиња. Сите тие се безвредни ако не се заблагодариш.
Не зборувај и` гласно, таа е нежна.
Шепни и` и бакни ја во црвениот образ.
Не заборавај да и` ја кажеш тајната. Ќе ја чува и пази исто ако зборовите „ те сакам“ кои срамежливо ги крие под црвената завеса на срцето.
Секогаш кога и` ги нема малите дупчиња на образите помини и` со рака низ косата. Тргни и` ги прамените од очите и таа ќе види.
Гушни ја припиено за своето тело, тоа ќе ја грее се додека трае зимата.
Не пропуштај го мигот. Тој е безначаен ако не се сетиш.
Сонувај ја и секое утро ќе те буди мирисот на љубовта.
Сакај ја како што го прави тоа таа и ќе биде засекогаш насмеана.
Никогаш, никогаш не ја повредувај. Ќе овене и ќе ја снема без да видиш.
Само сакај ја.


No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));