4.02.2012

Замок

Мојата душа е замок. Телото ми го кријат ѕидини. Дебели, тешки камени блокови. Не ги гледаш, но некогаш ги чуствуваш.
Не можеш да ги срушиш. Немаш сила да ги прескокнеш.
Моите ѕидини се непобедливи, неуништливи. Никој, никогаш нема да влезе, ако јас не дозволам.
Нема да се отвори портата на моето срце, бидејќи ти недостасува топлина.
Само оној кој ќе чуе : Добредојде, слободно ќе чекори и ќе ја почуствува мојата љубов.
Ако ме излажеш, се обидеш да ме измамиш, ќе те смрзнат моите мисли, непроговорени, некажани.
Можам да бидам ангел кој ќе свети и секогаш ќе биде твојот зрак, силна утеха и верност бесконечна.
Но мојата ароганција, презир и оган во очите ги будиш само ти, лош зрак воздух.
Сакаш моите гради да ги исполниш со црн дим, загаденост која излегува со секој твој, проклет збор.
Никој повеќе нема да ме повреди. Немате повеќе сила ниту да ги оштетите моите ѕидини.
Сега имам нов слој, непробоен штит, кој ќе го снема само ако ме топлиш, ако ми возвратиш светол поглед, ако твоите мисли станат силна прегратка.
Иако боите кои ги гледаш се весели, и носат радост, црниот облак над нив е само предупредување.

Нема неискреност, нема лаги.
Вистината е болна, но мојата болка е многу поголема што не можам да ти ја кажам.

п.с.Порака за мене!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));