4.29.2012

Боите на мојата љубов

Три бои од првиот момент.
Едната го бои кафето, а другата мирисот кој го викна мојот поглед.

Тоа е љубов на прв поглед
Можеби не се запознавме на зелена ливада со цвеќе и пеперутки.
Ветрот не ми ја мрсеше косата и сонцето не ми ги затвори очите со својот блесок.
Но пеперутките беа во мене, а таму и останаа.

Не шетавме боси покрај разбранувана вода, ниту ме бакна под палмите.
Но го паметам тој прв бакнеж.
Врежан е и запишан во мојот споменар наречен срце.
Не лежевме на старо ќебе под темно-сино небо и не ми ги покажуваше соѕвездијата.
Твојата прегратка ме водеше кон нив.
Месечината не ни го одбележа патот. Ние самите ја создадовме нашата судбина.
Не патувавме, не чекоревме низ калдрмите на старите градови, но секоја прошетка со тебе ме вивна високо во облаците на радоста.
Немаше запалени свеќи на првата средба, но знаеш дека секој твој допир е мојата светлина.
Не танцувавме покрај фонтана на нема музика, но секогаш кога ме држиш за рака, ние чекориме во ритамот на љубовта.
Не сакав изненадувања со скапи подароци, но ти ми го подари највредното.
Скапи вина, вечера во голема чинија со малку храна! Тоа е  сцена од филм. 
Гладни, но сити од љубов. Тоа е вистинското.
Немаше драма, безначајни кавги. Само разбирање и искрена вистина која ја имаме со секој проговорен збор.
Едноставно љубов и едноставна љубов.
Ништо повеќе не ми е потребно, а знам и дека моето : „Те сакам“ ти е доволно.
Последната боја е црното мастило кое ги напиша овие мисли. Тие се за тебе, за мене.За нас. 
Само среќен, но без крај.
Затоа што се сакаме како првиот ден.


1 comment:

Unknown said...

http://nesudenaljubov.blogspot.com/ :)

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));